Македонија
Објавени имињата на сите загинати во пожарот во дискотеката во Кочани
Министерството за здравство ги објави имињата на сите загинати во пожарот во дискотеката во Кочани.
„Не постои збор со кои можеме да ги искажеме болката и тагата што ги чувствуваме за прерано изгубените животи во трагичниот настан во пожарот во Кочани“, велат од Министертсвото.
1. Алексова Стефанија, 2004
2. Џамов Јорданчо, 1993
3. Трајчев Иван, 2000
4. Ѓоргиев Џоко, 2000
5. Коларов Александар, 1981
6. Величков Иван, 1998
7. Стојанов Андреј, 2000
8. Антова Ивона, 2003
9. Христовски Павел, 2004
10. Димитријев Диме, 1994
11. Насевски Никола, 2007
12. Богданов Тоше, 1994
13. Тодоровски Тоше, 1988
14. Коцева Ана, 22.1.2004
15. Живков Адријан, 2000
16. Петрушов Гордан, 2001
17. Горгиев Игорче, 1976
18. Стевановски Филип, 1988
19. Стојанов Томче, 2003
20. Стоименова Моника, 1999
21. Стојанов Стојанчо, 1988
22. Пројковска-Николовска Capa, 1977
23. Шопова Марија, 1997
24. Ивановски Петар, 2004
25. Ѓорѓиев Александар, 1991
26. Марковски Матеј, 2007
27. Закова Бојана, 1997
28. Василков Ѓорѓи, 1999
29. Петров Александар, 1999
30. Минова Драгана, 2008
31. Алексова Capa, 2006
32. Ѓорѓиески Андреја, 1982
33. Ивановски Филип, 2008
34. Јорданова Capa, 2007
35. Стрезоска Марија, 2001
36. Ефремов Александар, 1992
37. Велков Игор, 1980
38. Тасева-Стојковска Лепа, 1998
39. Атанасовски Мартин, 1996
40. Алексов Александар, 1986
41. Минов Божидар, 2001
42. Милковска Кети, 1999
43. Златков Томас, 2003
44. Соколова Стефанија, 2005
45. Велков Леонид, 2007
46. Наунова Надица, 2007
47. Јорданов Виктор, 2000
48. Панов Андреј, 2000
49. Иванов Димитар, 2008
50. Стоименов Спиро, 1998
51. Владимиров Јове, 1993
52. Андонов Ице, 2003
53. Тасевски Стефан, 1988
54. Величков Ѓорѓи, 1994
55. Стојанов Александар, 1986
56. Христова Сања, 1999
57. Танески Дамјан, 2006
58. Спасова Моника, 1998
59. Лазаров Андреј, 1999
Од тука изразија најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии
На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување огласи за раководни позиции во партијата, информира премиерот и лидер на партијата, Христијан Мицкоски, преку објава на Фејсбук.
Извршниот комитет одлучил да распише огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени и Унијата на ветерани, како и генерален избор на претседатели на сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.
На седницата биле избрани и нови претседатели на повеќе партиски комисии. За претседател на Комисијата за здравство е избран Сашо Клековски, на Кадровата комисија Благоја Ташаминов, на Комисијата за безбедност и одбрана Панче Тошковски, додека за претседател на Комисијата за туризам е избран Аккан Махмут.
За претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е избран Златко Перински.
„Промени. Го слушаме гласот на членството. Вистинскиот избор за заедничка иднина!“, напиша Мицкоски во објавата.
Македонија
Даниел не се замерил со никого, мотивот најверојатно е пари, рече адвокатот на Кајмакоски кој по киднапирањето е стабилен, но под стрес
Македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски, беше киднапиран во Белград ноќта меѓу сабота и недела, а по трауматичниот настан моментално се опоравува, со поддршка од семејството и најблиските.
Неговиот адвокат Бранислав Станишиќ потврди дека Кајмакоски е физички стабилен, но дека последиците од шокот сè уште се присутни.
Како што наведе, истрагата е во тек.
„Истрагата е во тек и таа ќе потрае. Што се однесува до Даниел, тој е психички и физички добро, што во овој момент е најважно за него и за семејството. Оваа ситуација остави, условно кажано, последици од шок, но фала му на Бога, ги надминува“, изјави Станишиќ, пренесоа српските медиуми.
„Ако ме прашате за самиот случај, не можеме да изнесеме премногу информации додека осомничените за извршување на ова гнасно кривично дело не бидат приведени пред правдата, бидејќи потрагата по нив сè уште трае. Во договор со полицијата, во овој момент не можеме да споделиме повеќе детали. Осомничените го напуштиле местото кај Рума, односно локацијата каде што автомобилот останал запрен по удар во банкина. Оттогаш ја напуштиле таа област и по нив сè уште се трага“, додаде адвокатот.
Тој изјави дека потрагата се движи во насока на лица кои најверојатно се од турско потекло.
„Засега тоа е информацијата со која располагаме. Најверојатно не се државјани на Република Србија. Зборувале на турски јазик или на некој сличен, а и нивниот изглед упатувал на тоа дека се од некоја таква земја. Не знаеме дали станува збор за мигранти или во каков статус престојувале тука. Со Даниел сум во постојан контакт и реагираме во координација со полицијата“, рече Станишиќ.
Адвокатот нагласи дека Кајмакоски не се замерил со никого и дека немал причина да претпостави дека би можело да му се случи вакво нешто.
„Даниел пред сè е уметник и не е човек кој би можел да препознае знаци дека некој евентуално го следи. Тој лично не забележал ништо. Никогаш никому не му замерил, нема причина некој од лични побуди да посегне по него. Да имало некаков сомнеж, веројатно и самиот би помислил дека нешто вакво може да се случи. Својот работен ангажман го извршува професионално и никогаш не бил дрзок или навредлив кон некого“, изјави Станишиќ.
Тој додаде дека според нивната проценка, мотивот најверојатно бил материјална корист.
„Ова најверојатно е направено со цел стекнување материјална корист. Даниел има доверба во полицијата и убедени сме дека тие професионално ќе си ја завршат работата. Се надеваме дека потрагата по осомничените ќе заврши брзо, бидејќи полицијата е на висина на задачата“, заклучи адвокатот.
Македонија
Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, епидемиологот Оранска рече дека болеста е донесена однадвор
Кај четворица слушатели на курсот за професионални војници во велешката касарна е потврдена шуга. Тие се пуштени на домашно лекување и се во стабилна состојба, додека од Армијата велат дека се спроведени здравствени протоколи и дека состојбата на останатите слушатели е под редовен надзор.
Потполковник Лариса Оранска, епидемиолог во Воено-медицинскиот центар, информира дека првиот случај бил регистриран минатиот четврток, по што веднаш бил извршен увид и биле активирани превентивни мерки. Заболеното лице било упатено на специјалистички преглед и домашно лекување, а потоа бил спроведен вонреден здравствен надзор.
Сите присутни војници биле прегледани, при што лицата со кожни промени биле дополнително упатени на специјалист. Останатите се без симптоми и продолжуваат со редовните активности. Оранска посочи дека болеста не потекнува од Армијата и дека, според проценките, е внесена однадвор.
„Шугата сигурно е донесена однадвор. Досега не сме имале во Армијата случај нити кај старешините, нити кај професионалните војници. Тоа е сигурно внесено однадвор“, изјави Оранска.
Во објектите каде што се сместени слушателите е спроведена целосна дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Надзорот ќе продолжи секојдневно, имајќи предвид дека инкубацијата на болеста може да трае од 10 дена до шест недели.
Портпаролот на Генералштабот, потполковник Дарко Стерјовски, изјави дека условите во касарната се во согласност со правилниците и ги отфрли наводите за несоодветни услови, вклучително и тврдењата дека нема топла вода. Според него, во објектот има соодветно греење и услови за нормален живот и обука.

