Македонија
Maкедонските медиуми известуваат професионално во овие траурни моменти, оцени Министерство за дигитална трансформација
Министерство за дигитална трансформација како надлежно за уредување на прашањата поврзани со медиумите и медиумското работење апелира на одговорност, професионалност и заштита на медиумите и медиумските работници.
Од тука велат дека недопустливи се заканите упатени кон новинари, уредници и медиуми, кои имаат цел да спречат непристрасно, отворено и квалитетно медиумско известување.
„Во споредба со многу поразвиени општества, македонските медиуми и медиумските работници покажуваат исклучителна професионалност во работата и известувањето во овие траурни моменти на колективна тага и гнев. Апелираме до надлежните институции за итна и ефикасна реакција, со цел да се утврди одговорноста на секој оној што се заканува и го попречува работењето на медиумите за да се обезбеди заштита на новинарите од вакви притисоци“, велат од Министерството.
Се додава дека овие тешки моменти се тест за целата држава, а безбедноста на новинарите е од најголема важност за функционирањето на демократијата.
Во текот на вчерашниот ден беа упатени закани кон медиуми и новинари. До тоа дојде откога неколку регионални медиуми споделија траурни фотографии и видеа од погребот на жртвите во кочанската дискотека, а на индиски јутуб- канал (за кој многумина помислија дека е Си-ен-ен) имаше и дирктен пренос од погребот во Кочани, каде што вчера беа закопани 30 млади луѓе. Македонските медиуми, кои неуморно работеа во текот на изминатите денови, се придржуваа до протоколот во зона оддалечена 300 метри од погребната церемонија и не прикажуваа снимки и фотографии од закопот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

