Македонија
Финансиската полиција проверува дали дискотеките во државата работат легално

Управата за финансиска полиција активно е вклучена во големата акција за проверка на работата на објектите што функционираат како кабареа, дискотеки и ноќни клубови во земјата и постапува во согласност со своите законски надлежности.
На располагање се ставени сите капацитети на Управата за финансиска полиција за потребите на оваа акција, која има цел да открие евентуални неправилности и нелегални активности во работењето на овие објекти.
Акцијата се фокусира на утврдување финансиски проневери, избегнување даночни обврски, нелегално работење и други неправилности во финансиското работење на угостителите. Паралелно со ова истражните органи се насочени кон откривање на сите аспекти што би можеле да доведат до санкционирање на оние што не ги почитуваат законите и регулативите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Бидете луѓе, не таблоиди, не ловци на туѓа трагедија“, напиша Никола Перевски – Пере

„Луѓето знаат да гледаат. Знаат да гледаат директно во туѓата несреќа. Да кликнат, да коментираат. Да се насладуваат на туѓиот пекол додека грицкаат нешто мрсно од кеса.
Но,знаеш што не знаат? Да молчат кога е потребно. Да ја спуштат главата кога не знаат, кога немаат поим. Да се тргнат настрана кога болката не е нивна. Да ги остават луѓето да ги закопаат своите деца без блиц, шепоти и евтини анализи“, напиша Никола Перевски – Пере на социјалните мрежи.
„Не барам чуда. Не барам свет без врева. Барем за тие неколку дена, Бидете луѓе. Не таблоиди. Не ловци на туѓа трагедија. Не доктори за се и сешто. Само луѓе. Со душа, ако ни остана. Затоа што ако го прокоцкаме и тоа – Нема ни што да се свири веќе“, пишува Пере.
Македонија
(Видео) Струмичкиот градоначалник: Уште колку жртви треба да дадеме за да се свестиме дека со оганот нема играчка

Во денови на огромна жалост во Македонија и Струмица, несовесни граѓани запалија стрниште, а за среќа нашите пожарникари од ТППЕ Струмица со поддршка на пожарникари од Радовиш, Валандово, Гевгелија успеаја за максимално брзо време да го локализираат пожарот, без да има изгорени куќи или човечки жртви, извести градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Тој апелираше на свест и совест кај граѓанството.
„Уште колку жртви треба да дадеме за да се свестиме дека со оганот нема играчка. Треба да бидеме одговори граѓани за да не ни се случуваат такви катастрофи“, додаде струмичкиот градоначалник.
„Пожарот беше јавен околу 14 часот, излезе една екипа, но самиот ветер си го направи своето. Побаравме помош и од соседните градови и благодарни сме на колегите кои ни помогнаа“, изјави Александар Гудев, командир на Територијала противпожарна единица (ТППЕ) Струмица, за пожарот во Струмичко.
Македонија
Пожарот во Струмичко ставен под целосна контрола

Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола, извести директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Тој додаде дека нема опасност по населени места, ниту по околните викендици.
Екипите на територијалната противпожарна единица на Струмица се на терен и го ставија под контрола пожарот кој се ширеше поради ветрот.
При гасењето на пожарот помогнаа и пожарникари од други градови, а на терен се градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.