Македонија
„Тие не заминаа, тие ќе живеат во нашата ДНК“, објави Тамара Тодевска

„Во медицината ДНК е мапата на животот. Она што нѐ дефинира и нѐ поврзува засекогаш. Идентитет, животен код, наследство, суштина, вечност. Тие не заминаа. Тие ќе живеат во нашата ДНК“, објави на социјалните мрежи пејачката Тамара Тодевска.
Во огромниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март загинаа 59 луѓе, меѓу кои и Андреј Ѓорѓиевски од ДНК и дел од бендот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Ургентно формирање на Парламентарна комисија за оценување на селективната правда во третманот на трагедијата во Кочани“, бара ДУИ

„Парламентарната група на Европскиот Фронт денеска официјално ќе побара формирање на посебна Парламентарна Комисија за истражување на селективниот и едностран пристап на правосудниот систем, кој е под контрола на Владата, во третманот на трагедијата во Кочани“, велат од ДУИ.
„Оваа комисија треба да се формира веднаш и да вклучи претставници на ОБСЕ, како и претставници од амбасадите на САД. ЕУ и земјите-членки на Европската Унија во својство на набљудувачи, со цел да се обезбеди фер, независен и транспарентен истражен процес.
Селективната правда ја потресе секој граѓанин на оваа земја и создаде без преседан ситуација која ги загрозува темелите на правната држава и довербата на граѓаните во институциите.
Неодговорноста или политизацијата на правдата за тесно партиски цели не ги загрозува само основните права на граѓаните, туку и демократската стабилност и европската перспектива на земјата.
Парламентарната група на Европскиот Фронт денеска ќе поднесе официјална иницијатива за ова прашање и очекува Собранието да дејствува со максимална одговорност и сериозност за да обезбеди независно, веродостојно и инклузивно истражување.
ДУИ останува непоколебена во својата посветеност на заштита на правата на граѓаните и зајакнување на правната држава во земјата“, соопшти ДУИ.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од дел од ул. Њуделхиска, (зграда бр. 2) и дел од улицата Дрезденска, (зграда бр.15) во општина Карпош;
· од 10:30 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. Осло, (парни куќни броеви), општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредниот период
Следува период на променливо облачно време со честа појава на повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 20 l/m2), појава на грмежи и силен ветер (над 70 km/h).