Контакт

Македонија

(Видео) Јовановска: Децата со попреченост повторно оставени без личните асисенти 

Објавено пред

„Деновиве има бура од реакции на родители на деца со попреченост од истокот на Македонија на коишто им е ускратено законски загарантирнато право на лични асистенти”, истакна на прес – конференција координаторот на Сектор – социјала при партијата Левица, Катерина Јовановска.

dobivaj vesti na viber

„Согласно информациите кои ги добивме од револтираните родители, децата со попреченост од Штип, Кочани, Св.Николе и Пробиштип од јануари годинава немаат лични асистенти, бидејќи нема таканаречени провајдери, односно договорите кои претходно биле потпишани за обезбедување на оваа услуга истекле на 31.12.2024 година, а нови сѐ уште не се потпишани“, образложи Јовановска.

На прес-конференцијата, од партијата Левица јавно прашаа:

– Зошто веќе 3 месеци надлежното министерство и министерот Лимани немаат потпишано нови договори за обезбедување на услугата лична асистенција во Штип, Кочани, Свети Николе и Пробиштип?

– Како е можно од 66 активни провајдери, Министерството да не се склучи договор со ниту еден од нив за обезбедување на услугата на лична асистенција за оваа година?

Јовановска потсети дека Владата иако во повеќе наврати ветуваше дека ќе го реши пробелемот со личните асистенти, за жал, решение сѐ уште нема.

„Владата не само што не обезбеди лични асистенти за сите лица на коишто им се потребни, туку сега и оние лица со попреченост коишто имаа лични асистенти, сега повеќе ги немаат. Личните асистенти се нужно потребни на децата и лицата со попреченост за да можат непречено да ги извршуваат своите секојдневни обврски“, додаде Јовановска.

Од Левица потенцираа дека, за жал, поради мизерните услови за работа, сѐ помал број лица имаат интерес да работат како лични асистети.

Јовановска појасни дека личните асистенти се ангажираат со договор на дело и за надомест од само 17.000 денари, којшто е крајно понижувачки, но дека и тој надомест Владата не им го исплаќа редовно, што беше причина пред само неколку месеци личните асистенти да излезат на протест и да си ги бараат заостанатите надоместоци.

„Бидејќи ваквото несовесно и нетранспарентно работење на надлежното министерство предизвикува штета на и онака кревкото психофизичко здравје на децата со попреченост и на нивните родители, апелираме Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ – во најбрз можен рок да потпише договор за обезбедување на услугата личен асистент за градовите Штип, Кочани, Свети Николе и Пробиштип, да го реши статусот на личните асиситенти и да овозможи секое дете и лице со попреченост да има личен асистент“, апелираат од Левица.

Македонија

Дел од Карпош денеска без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд

Објавено пред

Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Времето во наредните денови

До крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

Објавено пред

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување огласи за раководни позиции во партијата, информира премиерот и лидер на партијата, Христијан Мицкоски, преку објава на Фејсбук.

dobivaj vesti na viber

Извршниот комитет одлучил да распише огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени и Унијата на ветерани, како и генерален избор на претседатели на сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

На седницата биле избрани и нови претседатели на повеќе партиски комисии. За претседател на Комисијата за здравство е избран Сашо Клековски, на Кадровата комисија Благоја Ташаминов, на Комисијата за безбедност и одбрана Панче Тошковски, додека за претседател на Комисијата за туризам е избран Аккан Махмут.

За претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е избран Златко Перински.

„Промени. Го слушаме гласот на членството. Вистинскиот избор за заедничка иднина!“, напиша Мицкоски во објавата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување...

Свет12 часа

ЕУ забранува уништување на непродадена облека и обувки

Европската комисија денеска усвои мерки со кои се спречува уништување на непродадена облека, модни додатоци и обувки, со цел да...

Македонија12 часа

Даниел не се замерил со никого, мотивот најверојатно е пари, рече адвокатот на Кајмакоски кој по киднапирањето е стабилен, но под стрес

Македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски, беше киднапиран во Белград ноќта меѓу сабота и недела, а по трауматичниот настан моментално се опоравува,...

Македонија13 часа

Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, епидемиологот Оранска рече дека болеста е донесена однадвор

Кај четворица слушатели на курсот за професионални војници во велешката касарна е потврдена шуга. Тие се пуштени на домашно лекување...

Македонија14 часа

„Сите сме под стрес“: сопругата на пејачот Даниел Кајмакоски разговараше со медиумите по киднапирањето

Сопругата на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, Марина, се огласи еден ден по неговото киднапирање . Имено, ноќта меѓу сабота и...

Топ17 часа

Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река

Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна...

Македонија18 часа

За една недела, 4.991 прекршок преку системот „Безбеден град“, најмногу за брзо возење

Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се...

Топ19 часа

Кривична пријава за сопственик на фирма од Охрид по смртта на негов вработен, не му обезбедил соодветна обука

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи...

Македонија19 часа

ОЈО ГОКК: Се разменуваат информации со српското обвинителство за да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната

Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони...

Македонија19 часа

Министри и градоначалници на средби со високи претставници на УНЕСКО во Париз, ќе се разговара за статусот на Охрид

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна...

Македонија20 часа

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) денес испрати уште еден повик до работниците утре во 9 часот да излезат на...

Македонија21 час

„Немирната совест го натера Заев на панични реакции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во...

Свет22 часа

Врските на Епстин со Силиконската долина биле многу повеќе од комуникација само со Гејтс и Маск

Најновото објавување на милиони документи од Министерството за правда на САД поврзани со осудениот педофил Џефри Епстин фрли нова светлина...

Европа23 часа

Празната украинска амбасада во Москва казнета поради неплаќање струја

Московскиот суд ѝ наложи на украинската амбасада во Русија, која е затворена од почетокот на руската инвазија во февруари 2022...

Европа23 часа

(Видео) Моќен напад со дронови врз Одеса: погодена зграда, едно лице загина

Руските сили извршија серија напади со ракети и беспилотни летала врз неколку украински градови во текот на ноќта. Во Одеса,...

Европа23 часа

Зеленски: Русија секојдневно ја напаѓа нашата железничка инфраструктура

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија речиси секојдневно ја напаѓа железничката инфраструктура на Украина, но дека Киев сè уште...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Тетово и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23...

Македонија2 дена

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија2 дена

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија2 дена

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...