Црна хроника
Уапсен кумановец: при претрес пронајдени дрога и пушка

Вчера во 16.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 55-годишниот З.А. од Куманово, извести МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, остри предмети, пушка, куршуми и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Ја демнел поранешната партнерка и упатувал закани кон неа и нејзиното дете

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.М.(38) од Кочани.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „демнење“.
После прекинувањето на врската, пријавениот продолжил телефонски да ја вознемирува неговата поранешна партнерка и да и испраќа пораки на неа и на нејзиното дете.
Црна хроника
Скопјанец со нож ` се заканувал на сопругата

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 17.40 часот во Скопје го лишиле од слобода П.Ј.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, со остар предмет упатувал закани на неговата 40-годишна сопруга.
Тој бил во бракоразводна постапка со жената.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Автобус удрил во електричен тротинет и побегнал

Вчера околу 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје, автобус удрил во електричен тротинет, управуван од Е.А.(51) од Скопје, по што возачот со автобусот го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.А., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.