Македонија
Викендов почнува летното сметање на времето

Викендов почнува летното сметање на времето.
Стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред на 30 март во 2 часот.
Летното сметање на времето започнува во последната недела во март со поместување еден час нанапред, па времето во два часот наутро се смета за три часот наутро.
Летното сметање на времето завршува во последната недела во октомври, со поместување еден час наназад, кога три часот наутро ќе се брои како два часот по полноќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Набавка на 120 еколошки автобуси, изградба на нови и реконструкција на постојните објекти во културата, одлучи Владата

На денешната 65 владина седница беше разгледана и усвоена информацијата за содржината на Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат јавните установи во областа на културата за 2025 година која содржи 11 проектни активности кои ќе се реализираат од страна на Министерството за култура и туризам и Националните установи од областа на културата кои се носители на активностите.
Со оваа програма, како што информираат од Владата, се предвидуваат активности за продолжување со изведување на градежни работи за изградба на нов објект наменет за театар и библиотека во Тетово, изградба на објектот на НУ Турски театар – Скопје и изградбата на Стар Театар во Струмица, се продолжува и со реконструкција на објектот на театарот во Куманово, како и почеток со реконструкција на објектот Ну Музеј на Македонија и почеток со реконструкција – санација и адаптација на објект на поранешно кино Партизан во Битола при НУ Народен театар – Битола.
Финансиските средства потребни за реализација на активностите од Програмата се предвидени во Буџетот на Министерство за култура и туризам за 2025 година во износ од 123.775.000 денари.
Исто така, Владата ја разгледа и усвои информацијата од Министерство за транспорт во врска со доставените писма за интерес од единиците на локалната самоуправа за потребата од набавка на еколошки автобуси за јавен превоз. Имајќи ги предвид финансиските средства обезбедени во рамки на буџетот на Министерството за транспорт за оваа намена, предвидена е набавка на 120 еколошки автобуси, од кои 80 се ургентно потребни за обнова на возниот парк на ЈСП- Скопје и подобрување на јавниот превоз, а останатите 40 ќе бидат распределени согласно економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа.
Набавката на еколошките автобуси за јавен превоз ќе придонесе за подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните, како и намалување на загадувањето на воздухот во општините, одржлив развој и заштита на животната средина, нагласуваат од Владата.
Македонија
Вештачења, распити и анализи за обезбедување докази: обвинителите ја продолжуваат истрагата за трагедијата во Кочани

Јавните обвинители од тимот што ја води предистражната постапка за пожарот во дискотеката во Кочани континуирано преземаат повеќе истражни дејства за обезбедување докази, информираат денеска од Обвинителството.
„Такви дејства, кои вклучуваат распити, анализи и вештачења од голем обем и во однос на повеќе институции, се во тек и денеска. Меѓутоа, за да се зачува тајност на постапката и да се спречи компромитирање на доказите, Обвинителството не е во можност во моментот да открива повеќе детали за активностите“, велат од Обвинителството.
Македонија
Трендафилов подготвен тој и сите функционери една година да земаат плата 500 евра, но уште утре минималната да се зголеми на истиот износ

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, е подготвен една година тој и сите избрани и именувани лица за земаат плата од 500 евра доколку веднаш во Собранието се изгласа измена со која и минималната ќе се зголеми на 500 евра. Предлогот Трендафилов го даде како одговор на нападите дека синдикалните лидери од ССМ земаат високи плати на грбот на работниците во пресрет на утрешниот протест за зголемување на минималната плата.
„Јас како претседател на ССМ им подавам рака на сите избрани и именувани лица во Македонија, 1.080 мислам дека беа на број, од утре мојата и нивната плата да ни биде 500 евра, но заедно да изгласаат закон за измени и дополнувања на Законот за минималната плата и работниците да добијат 500 евра минимална плата. Јас и тие една година ќе примаме минимална плата од 500 евра и немам никаков проблем со тоа. Ги повикувам следниот пат текстот што ќе го внесат во идиотот и кога ќе читаат од него да прочитаат дека тие се согласни цела Влада, цел парламент, сите избрани и именувани лица, директори, шефови, раководители и што ли уште не, кои се ‘ухлебани’ на државна сметка цел живот, да примаме 500 евра минимална плата колку што ќе примаат речиси 200.000 работници во Македонија“, рече Трендафилов.
Особено се обрати до пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој на прес-конференции зборува за платата на синдикалните претставници и побара исправка.
„Го повикувам од неговата плата да ми даде дел за да ми ги надополни овие 15.000 денари што ги немам и секој месец да имам 75.000 денари за да не лаже“, рече Трендафилов, кој објасни дека неговата плата е 60.000 денари, обезбедени од членарината на работниците во синдикатите, и нагласи дека на ист начин ќе се борел за минимална плата од 500 евра и кога неговата би изнесувала 300.000 денари.
ССМ извести дека протестот закажан за утре, кој ќе претставува јавна седница на највисоките синдикални тела, ќе почне во 12.05 часот. На улица ќе излезат 300 члена на највисокото раководство на ССМ, а добредојдени се и работниците.
„Јавната седница ќе биде отворена пред ССМ и ќе продолжи пред парламентот, каде што ќе им порачаме на пратениците дека не може да има за пратениците, а да нема за работниците. Ќе продолжиме пред Стопанската комора, каде што ќе порачаме дека подадената рака од работникот денес може многу лесно да стане стисната тупаница утре. Ќе завршиме пред Владата, каде што ќе им порачаме на владините функционери дека не може да се одлучува за работниците беа работниците“, најави претседателот на ССМ, Трендафилов.
Преку утрешната јавна седница ССМ сака да го изрази незадоволството од политиките што ги води Владата за кои сметаат дека се во погрешна насока и на штета на работниците. Барањата се 500 евра минимална плата и зголемување 100 евра на сите други плати.