Забава
(Видео) Некогаш и сега: споредбата на изгледот на Лана Дел Реј ги поттикна шпекулациите за „оземпик“
Лана Дел Реј повторно се најде во центарот на вниманието на медиумите поради видео. На Инстаграм се појави видео во кое се споредува изгледот на пејачката, а поради тоа што на најновото видео изгледа многу послабо, повторно почнаа да се шушка дека користи Оземпик.
„Лана пред употреба на GLP-1 и потоа“, се вели во видеото. Најпрво се прикажува клип од еден од постарите нејзини концерти, а подоцна се прикажуваат сцени од понов настап.
Набрзо следеше лавина од коментари, а неколкумина изјавија дека веруваат дека пејачката ослабела со помош на Оземпик.
„Оземпик ѝ помогна многу“, „Порано изгледаше подобро“, „Премногу е слаба“, „Сигурен сум дека користеше Оземпик“, „Претпоставувам дека беше паметна при користењето на Оземпик, го комбинираше со тренинг“, „Веќе не можам да ја препознаам“, напишаа некои.
„Изгледа подеднакво добро и во двете верзии“, „Зошто воопшто мора да коментираме за нечија тежина?“, „Отсекогаш била убава“, „Престанете да коментирате женски тела“, „Оставете ја на мира, таа е исто толку убава“, „Знаете дека тренира, нели?“, други коментираа бранејќи ја пејачката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Издание кое никој не го очекуваше: деколтето „пука“, луѓето останаа без зборови
Многу познати личности блеснаа во луксузни креации во Лос Анџелес. Годишните награди „Гувернери“ привлекоа убавици од различни сфери на уметноста, меѓу нив беше и пејачката и актерка Џенифер Лопез, која секогаш има моќен аутфит за вакви настани.
Латино дивата одлучи да носи корсет фустан од познатата дизајнерка Тамара Ралф за оваа пригода. Тој е украсен со длабоко деколте кое ги нагласува градите, но и навидум едноставен крој.
Станува збор за комбинација од материјали – беж сатен и црн плиш, што совршено ја нагласува фигурата на песочен часовник на Џенифер.

Стилингот го комплетираше со црни ракавици, исто така изработени од плишан материјал, чантичка и додатоци од луксузниот бренд „Шопард“.
Што се однесува до техниката на шминкање, пејачката се одлучи за беж нијанси кои само малку ја истакнуваа нејзината убавина.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) „Лошата девојка“ сè уште мами воздишки со своето бујно деколте
Популарната актерка Сидни Свини веќе некое време е тема на светските медиуми. Таа беше во центарот на вниманието на јавноста поради контроверзната кампања на брендот „Американ Игл“, а потоа и поради драстичната трансформација на нејзиниот имиџ.
Гласот на „лоша девојка“ сè уште ја следи, а во тоа име неодамна го претстави имиџот на вистинска опасница. Се чини дека не застана тука и продолжи да ја разгорува имагинацијата на своите лојални обожаватели, но и хејтери, со атрактивни комбинации.
Сега се појави на годишните награди „Гувернорс“ во Лос Анџелес во интересен аутфит. Таа носеше струкиран фустан од брендот „Миу Миу“ украсен со циркони и минималистички крој.

Покрај тоа, длабокото деколте беше забележливо, нагласувајќи ги нејзините гради и нејзините женствени рамена.
Што се однесува до остатокот од стајлингот, го комплетираше со шминка во земјени тонови, минималистички додатоци и боб фризура што ја стилизираше во ретро стил.

фото: принтскрин
Забава
(Фото) Јаник Синер повеќе не се крие: убавицата од Босна и Херцеговина му падна во прегратка по победата
Јаник Синер ја освои својата втора последователна титула на Завршниот Мастерс во Торино, победувајќи го Карлос Алкараз со 2-0 во сетови.
Во текот на целиот натпревар, од трибините го поддржуваше Лаила Хасановиќ, девојка и модел по потекло од Босна и Херцеговина, за која се дозна кон крајот на октомври оваа година.
Jannik Sinner & Laila Hasanovic #NittoATPFinals pic.twitter.com/ecVNGimRw7
— Jannik Sinner HQ (@HqSinner) November 16, 2025
Откако го зададе последниот удар и со тоа стана победник, Лаила веднаш истрча да го прегрне – а со неа и кучето Снупи.
#Sinner e Laila, prima l'abbraccio poi la foto con lo staff (e il cagnolino). VIDEO#SkySport #SkyTennis https://t.co/sbGm4MffTB
— skysport (@SkySport) November 16, 2025
Вљубените разменија топли прегратки, а големо внимание привлече двојниот дијамантски прстен на раката на убавицата од Босна и Херцеговина. Се чини дека повеќе не ја кријат својата врска, бидејќи гордо позираа пред објективот на фотоапаратот.
Laila Hasanovic e Jannik Sinner – Torino
📸getty pic.twitter.com/d5yvfpfQj8— LEONARDO (@Leonard40959202) November 17, 2025
фото: принтскрин

