Свет
(Видео) Чистач на прозорци виси од облакодер кога удира земјотресот, се излева и вода од базенот

Разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар пред два дена, а беше почувствуван и во Тајланд.
На интернет кружат различни видеа од тие области, а едно од нив го покажува можеби најголемиот страв што човек може да го доживее.
Снимката покажува човек како ги чисти прозорците на облакодер кога земјотресот го погодува Бангкок.
Ситуацијата дополнително се влошила кога поради потресите почнала да се излева вода од базенот на врвот на облакодерот.
OMG, we are living in a movie!
This was in Bangkok during yesterdays M7.7 earthquake that hit Myanmar.
That poor window cleaner 😱
I thought it was Ai but apparently it isn’t. pic.twitter.com/fqhPF6pAVH
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) March 29, 2025
Сигурно ги доживеа најтешките секунди од животот кои никогаш нема да ги заборави. За среќа, зградата не е урната.
На интернет вирално е уште едно видео, на кое пак може да се види базен кој почнува да се излева за време на потресот.
Иако епицентарот бил во Мјанмар, земјотресот бил толку силен што облакодер во Тајланд се урнал за неколку секунди.
Американскиот геолошки институт предвидува дека бројот на загинати од овој земјотрес би можел да надмине 10.000.
Владата на Мјанмар прогласи вонредна состојба во шест региони и апелираше за меѓународна помош. Земјите како Кина, Русија и Индија, како и организации како Обединетите нации, веќе ветија поддршка за напорите за спасување и обнова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Белорусија испраќа рекордни количини бензин во Русија

Белорускиот железнички извоз на бензин во Русија се зголеми за четири пати во септември во однос на претходниот месец, бидејќи Москва се справува со недостиг на гориво предизвикан од украинските напади врз нејзината енергетска инфраструктура, објавија извори од индустријата синоќа, објави „Ројтерс“.
Неколку руски региони беа принудени да воведат мерки за штедење и привремено да ги замрзнат цените на горивата во последните недели. Причината е недостигот на популарни видови бензин предизвикан од напади со беспилотни летала насочени кон рафинерии и други енергетски објекти.
Како одговор, Москва, исто така, го ограничи извозот на бензин и дизел. Ова не е првпат Русија да се потпира на соседна Белорусија, таа, исто така, го зголеми увозот на гориво минатата година за да го покрие недостигот на пазарот.
Според извори, пратките на бензин со железница од белоруските рафинерии до рускиот домашен пазар минатиот месец достигнаа 49.000 метрички тони, што е еквивалентно на 14.500 барели дневно. Заедно со бензинот, испораките на дизел во септември изнесуваа 33.000 тони.
Свет
Киев бесен на Меркел: „Зборовите на поранешната канцеларка се неприфатливи“

Киев остро реагираше на тврдењата на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел дека Полска и балтичките земји ги саботирале обидите за решавање на украинскиот конфликт во 2021 година, што, како што изјави таа, индиректно придонело за почетокот на „Новата светска војна“, објавува Политико.
Меркел во интервју изјави дека Франција и Германија потоа предложиле воспоставување нов формат за преговори со Русија, кој би ги заменил договорите од Минск, но Варшава и балтичките престолнини одбиле да ја поддржат иницијативата.
Таа проценка предизвика негодување во Киев, каде што висок украински функционер, според Политико, рекол дека зборовите на поранешната канцеларка се „неприфатливи и, искрено, одвратни“.
Во истото интервју, поранешната германска канцеларка, исто така, оцени дека обвинувањето дека унгарскиот премиер Виктор Орбан е „тројански коњ“ на рускиот претседател Владимир Путин во рамките на Европската Унија е „глупост“, посочувајќи на потребата да се запрат меѓусебните обвинувања во рамките на ЕУ и да се обнови дипломатскиот дијалог.
Фото: принтскрин
Свет
Светската здравствена организација тестира смртоносен сируп против кашлица

Светската здравствена организација (СЗО) побара информации од Индија за тоа дали сирупот против кашлица поврзан со смртни случаи кај деца во земјата е извезен во други земји, соопшти денес агенцијата.
СЗО изјави за Ројтерс дека ќе разгледа издавање глобално предупредување за медицински производ во врска со сирупот Колдриф откако ќе добие официјални информации од Њу Делхи, објави Ројтерс.
Според информациите од локалните власти, најмалку 17 деца под петгодишна возраст починале во текот на изминатиот месец откако консумирале сируп што содржел високи концентрации на токсичното соединение диетилен гликол, речиси 500 пати над законската граница.
Фото: принтскрин