Македонија
„ССМ станал приватна фирма со Трендафилов – за само една година, луѓето околу него земаат милиони во вид на плати и додатоци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Синдикалците на батерии, на чело со Трендафилов, земаат над милион денари годишно во вид на плати и додатоци. За ова да е уште потрагично, овие пари ги земаат од донациите кои синдикалците со ниски примања ги даваат на ССМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Лажните синдикалци кои го предводат ССМ, се богатат на маката на работниците. Затоа, работниците кои членуваат во ССМ, се длабоки разочарани од раководството на чело со Трендафилов.
Разочараноста на членовите на ССМ од актуелното раководство е тоа што истите тие го имаат претворено ССМ во приватна фирма и ги користат благодетите на истата.
Додека ги гледаат во очи и ги лажат синдикалците, Трендафилов и останатите синдикалци на батерии, инкасираат милионски суми во нивните џебови на грбот на работниците, синдикалци.
Трендафилов и луѓето со кои што одработува за СДС, земаат плати за 3 или 4 плати поголеми од минималната плата. Затоа тие немаат реална претстава за маката на граѓаните.
Политиканството на Трендафилов и ССМ, мора да престане“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

