Забава
Се јаде само три дена: витамински оброк за рамен стомак

Дали сакате вашиот стомак да биде помал, половината потенка и телото да нема масни наслаги? Тогаш овој рецепт е идеалното решение за вас.
Оваа витаминска бомба ќе направи чуда за вашиот стомак, и внатре и надвор. Трикот е во тоа што ќе ги исчисти мастите, наслагите и сите остатоци од вашите црева, па надуеноста ќе исчезне и ќе изгледате многу послабо за само три дена.
Секако, важно е да не се прејадувате во текот на денот и да не јадете индустриски слатки најмалку три дена и да пиете најмалку два литра вода дневно.
Потребно е:
– зелка, две цвекла, два моркови, сок од лимон, пет лажици маслиново масло
Подготовка:
Изрендајте ја зелката, цвеклото и морковот. Додадете неколку зачини по избор, магдонос или целер, па измешајте го зеленчукот, исцедете ја течноста и прелијте ја салатата со сок од еден лимон.
На крајот додадете маслиново масло и вашиот витамински оброк е готов.
Многу е важно никогаш да не додавате сол во салатата. Јадете секоја вечер најмалку три часа пред спиење, најмалку три дена и ќе забележите одлични резултати.
Оваа салата ќе го ревитализира вашето тело поради состојките богати со витамини, минерали, влакна и пектин, кои ќе ве заситат, ќе ви дадат енергија, ќе го подобрат варењето и ќе ги регулираат цревните проблеми.
Доколку ви се допаѓа, можете да продолжите да ја јадете оваа салата во следните денови, но по седум дена направете пауза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Андријана Јаневска ја изведе „Ако утре ме нема“ од ДНК: Еден од најтешките настапи во мојата кариера…

„Еден од најтешките настапи во мојата кариера… ‘Ако утре ме нема’ од ДНК ја изведов во придружба на Битолскиот камерен оркестар и Благојче Трајковски на кларинет“, напиша пејачката Андријана Јаневска на социјалните мрежи и објави снимка од настапот.
Забава
(Видео) Ед Ширан настапи на улица и ги воодушеви минувачите

Британскиот пејач и текстописец Ед Ширан ги воодушеви обожавателите, минувачите и патниците со уличен настап во Лондон.
Ширан (34) свиреше на акустична гитара пред железничката станица Кингс Крос во петокот, облечен во впечатлива розова маица. Тој ја изведе новата песна „Азизам“, како и хитовите Perfect, Bad Habits и Shivers.
View this post on Instagram
Пејачот, познат по хитовите Shape of You и Thinking Out Loud, по настапот напиша објава на „Инстаграм“, во која атмосферата ја опиша како неверојатна.
Една случајна минувачка, која чекала меѓу возовите, изјави дека имала неверојатна среќа што била сведок на таква ѕвездена изведба.
Забава
Принцот Хари не сака Меган да објавува фотографии од децата?

Принцот Хари наводно не е премногу среќен што неговата сопруга Меган Маркл ги користи децата за да го промовира својот нов бренд As Ever.
Кралскиот уредник на британски „Сан“, Мет Вилкинсон, тврди дека војводата и војвотката од Сасекс не се синхронизирани кога станува збор за објавување фотографии од нивните деца, принцот Арчи (5) и принцезата Лилибет (3) ,на социјалните мрежи.
„Колку што сум запознаен, Хари би сакал неговите деца да останат надвор од очите на јавноста до одредена возраст“, рече Вилкинсон во петокот во A Right Royal Podcast.
View this post on Instagram
Од друга страна, Вилкинсон тврди дека Меган има поинаков став: „Таа порасна во Калифорнија и претходно веќе кажа дека сака да има калифорниски начин на живеење – да ги однесе на плажа, да излезат, да бидат активни“. „Таа не сака да ги крие“, рече новинарот иако забележа дека Маркл сè уште не ги покажува јасно лицата на своите деца, туку ги користи за да го претстави својот имиџ како мајка и домаќинка. „Хари, веројатно, не е премногу среќен поради тоа“, додаде Вилкинсон.