Свет
Италија вознемирена: девојка убиена од маж кој со години ја демнел и ја канел да излезат
Бруралното убиство на 22-годишната студентка Сара Кампанела, која беше избодена до смрт среде бел ден во Месина, Сицилија од човек кој со години ја демнел, предизвика бес во Италија.
Според италијанските медиуми, Кампанела вчера попладне била нападната на улица од 27-годишниот Стефано Аргентино, кој според обвинителството упорно и постојано ја малтретирал откако почнала да учи пред две години.
Сведоците рекоа дека виделе маж кој и приоѓа и ја прободува повеќе пати додека таа се обидувала да побегне викајќи: „Пушти ме, застани, пушти ме!“ Случаен минувач кој ги слушнал нејзините врисоци се обидел да го стигне напаѓачот, но тој успеал да побегне.
Кампанела почина на пат кон болница, а Аргентино беше уапсен неколку часа подоцна во Ното.
Нејзиниот брат во трогателно телевизиско обраќање изјави дека „невозвратената љубов не е и никогаш не може да биде оправдување за таков чин“, додека нејзината мајка на Фејсбук напиша дека нејзината ќерка „храбро верувала дека ‘не’ е доволно“. Таа ги повика сите во вакви ситуации веднаш да се јават во полиција.
Обвинителот од Месина, Антонио Д’Амато рече дека Кампанела никогаш не го пријавила демнeчот затоа што мислела дека неговите постапки не се особено заканувачки или патолошки. Сепак, тој додал дека често и’ додевал на жртвата, се обидувал да ја убеди да излезе со него и не прифаќал одбивање.
Во еден момент пријател морал да интервенира бидејќи Аргентино „бил фрустриран што Сара повеќе не му се смешка“. Не долго пред нападот, Кампанела им испратила порака на своите пријатели: „Таа болна личност повторно ме следи“.
Адвокатот на Аргентино рече дека неговиот клиент го признал делото, но не објасни зошто го сторил тоа.
„Не можам да кажам дали чувствува каење, тој е затворен во себе“, изјави адвокатот за новинската агенција „Анса“.
Убиството на Сара Кампанела предизвика бран гнев и тага во земјата, каде само од почетокот на годината се убиени 11 жени. Убијците обично се партнери, поранешни партнери или демнат. Јавноста сè уште го памети случајот со Џулија Чекетин, младата девојка убиена во ноември минатата година, чиј татко изјавил дека „цели генерации мажи не прифаќаат отфрлање“.
Реагираше и поранешната министерка Мара Карфања: „Жените сè уште се убивани од оние кои не го прифаќаат нивното „не“. Ни треба колективен бунт против смртта.
Само два дена по смртта на Сара, нејзиното убиство, како што забележуваат италијанските медиуми, било задушено со уште една страшна вест – телото на 22-годишната Иларија Сула било пронајдено во куфер во Рим, а нејзиното поранешно момче го признало убиството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цената на златото повторно достигна нов рекорд
Цената на златото денес надмина 4.400 долари за унца првпат во историјата, поттикната од растечките очекувања за намалување на каматната стапка во САД и силната побарувачка за безбедно засолниште. Среброто, исто така, се придружи на растот, кое, исто така, достигна рекордна вредност.
Според податоците од 05:02 часот GMT, цената на златото порасна за 1,4 проценти на 4.397,16 долари за унца, откако претходно достигна рекордни 4.400,29 долари во текот на денот. Среброто во исто време скокна за 3,3 проценти на историски максимум од 69,44 долари.
Скапоцениот метал скокна за 67 проценти од почетокот на годината, кршејќи повеќекратни рекорди и надминувајќи ги нивоата од 3.000 и 4.000 долари за прв пат. Златото е на добар пат за најголем годишен раст од 1979 година.
Среброто, од друга страна, скокна за неверојатни 138 проценти од почетокот на годината, далеку над златото благодарение на силните инвестициски приливи и малата понуда на пазарот. Растот на цените на традиционалното безбедно засолниште е поткрепен од зголемените геополитички и трговски тензии, континуираното купување од страна на централните банки и очекувањата за пониски каматни стапки следната година.
Послабиот долар, исто така, дава дополнителен импулс, правејќи го златото поевтино за купувачите со други валути.
Свет
(Видео) Дупка проголта бродови: Вонредна состојба во британска област
Во британската област Шропшир е прогласена вонредна состојба откако во канал кај градот Вичрч се отворила голема дупка, која полицијата ја опиша како понор. Во инцидентот два брода пропаднале во отворот, додека уште два останале опасно да висат на самиот раб, јави Би-Би-Си.
Фотографиите од местото на настанот покажуваат целосно уривање на дел од пловниот пат, при што водата од каналот речиси целосно истекла. Според информациите, два теснокоритни брода потонале, а уште два останале заглавени на работ од пројавата.
A 50m sinkhole has opened beneath the Whitchurch canal in Shropshire, swallowing narrowboats and forcing more than 10 people to be rescued.
A major incident is declared as crews battle unstable ground and rushing water. #Whitchurch #Shropshire pic.twitter.com/02PIZzlen2
— BPI News (@BPINewsOrg) December 22, 2025
Полиција соопшти дека засега нема информации за повредени лица и ги повика граѓаните да го избегнуваат подрачјето и да користат алтернативни правци.
A 50m sinkhole has opened beneath the Whitchurch canal in Shropshire, swallowing narrowboats and forcing more than 10 people to be rescued.
A major incident is declared as crews battle unstable ground and rushing water. #Whitchurch #Shropshire pic.twitter.com/02PIZzlen2
— BPI News (@BPINewsOrg) December 22, 2025
Локалниот советник во Вичрч, Енди Хол, за Би-Би-Си изјави дека инцидентот се случил околу 5 часот наутро и дека огромна количина вода истекла на блиското поле. Според неговите зборови, дел од жителите помислиле дека станува збор за земјотрес, додека пожарникарите поставиле брана за да се спречи дополнително истекување и потенцијални поплави.
Фото: илустрација, Pexels
Свет
Американски конгресмени се закануваат со тужба поради необјавените досиеја за Епстин
Двајца американски конгресмени се заканија со правни чекори против државната обвинителка Пем Бонди кога Министерството за правда само делумно ги објави документите поврзани со покојниот осуден сексуален престапник Џефри Епстин иако законскиот рок истече минатиот петок, пренесе Би-би-си.
Законот за целосна објава на таканаречените Епстинови досиеја беше потпишан во ноември од американскиот претседател Доналд Трамп по притисок од неговите поддржувачи и дел од Републиканската партија. Иако некои од документите беа објавени, многу информации останаа редактирани или нејавно достапни, што предизвика незадоволство кај дел од конгресмените и кај жртвите.
Републиканскиот конгресмен Томас Меси најави можност за поведување постапка за непочитување на Конгресот против Бонди тврдејќи дека Министерството ги крши духот и словото на законот. Тој изјави дека на иницијативата работи заедно со демократскиот конгресмен Рум Хана, кој појасни дека се гради двопартиска поддршка за финансиско казнување на обвинителката за секој ден доцнење.
Од Министерството за правда тврдат дека постапуваат во согласност со законот и дека објавата ќе продолжи во наредните недели. Заменикот на Бонди, Тод Бланш, изјави дека станува збор за повеќе од милион страници документи, од кои голем дел содржат чувствителни информации за жртвите.
Демократскиот сенатор Тим Кејн оцени дека евентуална постапка за непочитување на Конгресот или импичмент би била прерана и дека постојат други законски механизми за притисок.

