Свет
Маск објави фотографија од високо чуваното седиште на ЦИА предизвикувајќи лавина коментари

Илон Маск уште еднаш предизвика лавина реакции откако на социјалните мрежи објави фотографија од внатрешноста на седиштето на ЦИА, локација која вообичаено е строго забранета за јавноста.
На фотографијата се гледа како Маск стои во големото лоби на зградата на ЦИА во Вирџинија, на познатиот гранитен печат на Агенцијата од 16 метри.
Во неговото друштво има едно лице, што дополнително го зголеми чувството на мистерија околу објавата.
Маск не приложи никаков коментар или објаснување на објавата, што веднаш предизвика бројни теории на заговор и прашања од корисниците на Интернет. „Зошто ви е дозволено да бидете во зградата на ЦИА? напиша еден корисник. „Не знаев дека сте разузнавач или член на Конгресот. Како сте воопшто таму?“, додаде уште еден.
Имаше и такви кои се шегуваа.
„Не е првпат странец да влезе меѓу нив“. Некој рече дека фотографијата го потсетува на филмот Man in Black и објави и сцена од филмот.
— Elon Musk (@elonmusk) April 2, 2025
Инаку, според официјалните правила на ЦИА, пристап до седиштето им е дозволен само на вработените во Агенцијата, додека јавните посети се строго забранети. Ниту музејот на ЦИА не е отворен за јавноста.
Исто така, мобилните телефони, фотоапаратите или какви било дигитални уреди не смеат да влезат во седиштето, а оние што ќе ги донесат мора да ги остават во возилото или да ги предадат на обезбедувањето на влезот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Фото) Аеродромот во Загреб затворен за сообраќај – мал авион слета надвор од пистата

Аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб денеска попладне беше затворен за сообраќај поради инцидент со приватен авион кој се излизгал од пистата, пишува Индекс.
Инцидентот се случил околу 15:21 часот, при слетување на приватен авион од типот Cessna 525.
Леталото проклизнало и завршило на тревната површина покрај пистата.
Според информации од авиокомпанијата, авионот бил празен и во инцидентот нема повредени.
Во моментот се преземаат мерки за отстранување на леталото од пистата, а аеродромот останува затворен до понатамошно известување.
Од Аеродромот „Фрањо Туѓман“ се извинија на патниците за доцнењата на пристигнувачките и поаѓачките летови и најавија дека јавноста ќе биде навремено информирана кога сообраќајот повторно ќе биде воспоставен.
Свет
Масовни протести во Шпанија против корупција

Повеќе од десетици илјади луѓе се собраа денес во Мадрид на демонстрации организирани од главната конзервативна опозициска партија, против владата на социјалистичкиот премиер Педро Санчез, обвинувајќи ја за корупција.
Демонстрантите се собраа на Шпанскиот плоштад во центарот на главниот град, велејќи му на Санчез да „поднесе оставка“.
Народната партија го свика собирот откако протечените аудио снимки наводно покажуваат дека член на Социјалистичката партија води кампања за клевета против полициска единица што истражува обвинувања за корупција, во која наводно се вклучени сопругата, братот и поранешната десна рака на Педро Санчез.
Социјалистичката членка ги негираше обвинувањата, кажувајќи им на новинарите дека спроведувала истражување за книгата и дека не работи во име на партијата или на Педро Санчез, а потоа ја напуштила Социјалистичката партија.
Лидерот на Народната партија, Алберто Нуњез Феихо, ја обвини владата за „мафијашки практики“ во аферата, тврдејќи дека Санчез е во центарот на повеќе корупциски скандали.
Народната партија процени дека повеќе од 100.000 луѓе присуствувале на денешниот митинг под слоганот „Мафија или демократија“.
Владин претставник во Мадрид процени дека на демонстрациите имало помеѓу 45.000 и 50.000 луѓе.
Свет
Тропската бура Барбара се формираше покрај брегот на Мексико

Тропската бура Барбара се формираше покрај југозападниот брег на Мексико, соопшти Националниот центар за урагани во Мајами рано утрово. Не се издадени предупредувања за крајбрежна опасност.
Брзината на ветерот беше околу 75 километри на час со повремени силни налети. Се очекува бурата да прерасне во ураган во понеделник.
Во делови од мексиканските држави Гереро, Мичоакан, Колима и Халиско можни се обилни врнежи од дожд од 5 до 10 сантиметри, а на некои места и до 15 сантиметри. Врнежите од дожд можат да доведат до поплави и лизгање на земјиштето.