Забава
Два хороскопски знака често претеруваат во сè: дали сте меѓу нив?

Кај нив нема средина – „се или ништо“, „црно или бело“, „најдоброто на светот“ или „невидена катастрофа“.
Без разлика дали се работи за емоции, трошење пари, реакции или желба да се биде во право, овие хороскопски знаци често претеруваат.
Нивниот ентузијазам знае да биде „заразен“, но понекогаш и исцрпувачки за околината…
Овен
Импулсивен, огнен и полн со енергија, Овенот прави сè – веднаш и сега. Кога ќе се заљубат, се заљубуваат од глава до пети. Кога ќе се налутат, експлодираат како вулкан.
Кога сакаат нешто, не размислуваат за последиците. Тие секогаш влегуваат со глава во ѕидот, често заборавајќи дека не секоја ситуација е трка.
Тие ги преувеличуваат своите реакции, зборови, желби – и сè мора да биде интензивно. Ако нема драма, Овенот сам ќе ја создаде.
Стрелец
Стрелците ја сакаат слободата, возбудата и авантурата – но честопати го сакаат сето тоа одеднаш. Нивната потреба за нови искуства, патувања и предизвици може да оди предалеку.
Претеруваат во плановите, ветувањата, оптимизмот и понекогаш во претпоставката дека сè треба да биде забавно.
За нив „доволно“ често не постои. Ако се обидете да ги забавите, ќе се чувствувате како да им го одземате здивот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) По чоколадата, Дубаи доби нов гастрономски хит!

По виралната „дубаи чоколада“, од Емиратите доаѓа нов гастрономски тренд – кроасан пица.
Станува збор за комбинација на слоевит кроасан кој служи како кора, со сос од домати, сирење и преливи. Новитетот првпат го претстави Papa John’s во Дубаи, а реакциите на публиката се одлични.
@ahlanlivedubai @Papa Johns AE ♬ ECE Marketing Airball – EC Equine Marketing
Кроасан пицата веќе е хит на TikTok и Instagram, каде инфлуенсери и блогери објавуваат видеа со своите први залци. Очекувањата се дека наскоро ќе се појави и во пицерии низ светот.
Забава
Четири хороскопски знаци кои најчесто ги изневеруваат своите партнери

Астролозите издвојуваат четири знаци кои, поради својата природа, се посклони кон неверство:
Близнаци – брзо им здосадува, па во потрага по ново возбудување често преминуваат граници.
Стрелец – љубители на слобода и авантура, кога врската станува рутина бараат возбуда на друго место.
Вага – нивната потреба за внимание и шармантност лесно ги носат во паралелни односи.
Риби – емотивни и чувствителни, кога се чувствуваат осамено или неразбрано бараат утеха кај друг.
Забава
(Видео) Инфлуенсерка нападна жена во теретана бидејќи ѝ упаднала во кадар, реакциите жестоки

Видеоснимка од теретана стана вирална на TikTok откако инфлуенсерката Џенифер (@jenniferrpicone) остро реагирала на жена која вежбала во позадина додека таа снимала.
„Зошто стоиш таму?“ ја прашала, а кога добила одговор „Што ти е гајле?“, инфлуенсерката возвратила: „Затоа што ме нервираш“.
@jenniferrpicone She did that 💩on purpose 🤪 #gymtok #fyp ♬ original sound – Jennifer R. Picone
Видеото завршува со нејзина порака: „Лекција од бонтон во теретана #47: Не фотобомбирај креатор на содржина“.
Реакциите на TikTok беа бурни – многумина ја обвинија за ароганција и ја потсетија дека правилото број еден во теретана е „биди пристоен“.
Познатиот фитнес инфлуенсер Џои Свол ја нарече нејзината реакција глупава и ѝ порача дека ако не сака луѓе во кадар – треба да си изгради домашна теретана.