Соопштенија
Peugeot го зголемува електричниот опсег на Peugeot Е-208 нудејќи 433 км
Peugeot го зголемува електричниот опсег на Peugeot Е-208, нудејќи 433км, најдобриот опсег во својот сегмент – потврдувајќи го неговиот статус на најпродаван модел.
Peugeot го оптимизира својот исконски модел Peugeot E-208, кој минатата година беше најпродаваниот модел во електричниот Б-сегмент во Европа.
Веќе наградуван и признат за својата исклучителна ефикасност, Peugeot E-208 сега нуди најдобар опсег во својот сегмент и воведува дополнителни придобивки, како што се интегриран планер за патувања (Trip Planner) и функцијата Vehicle to Load (V2L), која овозможува лесно полнење на мали електрични уреди.
Во 2024 година, Peugeot E-208 го зазеде врвното место како најпродаван модел во 100% електричниот Б-сегмент во Франција и Европа. За да го продолжи овој успех, Peugeot сега воведува неколку дополнителни елементи кај Peugeot E-208…
Peugeot E-208 сега нуди најдобар електричен опсег во својот сегмент со до 433 km (WLTP комбиниран циклус) за верзијата опремена со мотор од 156 КС (115 kW), што претставува подобрување од 23 km. Овој развој ја зацврстува позицијата на моделот како репер за ефикасност, што беше потврдено и за време на 2024 Ecotest спроведен од престижниот ADAC, кој го прогласи PEUGEOT E-208 за најефикасен автомобил на европскиот пазар.
За да обезбеди целосен мир и спокој за своите клиенти, PeugeotT сега го до-опремува Peugeot E-208 со Trip Planner. Во комбинација со поврзаниот навигациски систем (достапен како опција), оваа функција ги планира патеките на возење, на оптимален начин, за да го максимизира опсегот на автомобилот и да го олесни полнењето. За пресметување на идеалната рута, системот ги зема предвид растојанието што треба да се помине, нивото на наполнетост на батеријата при поаѓање, посакуваното ниво на наполнетост при пристигнување и достапните полначи во близина на дестинацијата, земајќи ја предвид потрошувачката на енергија според различни критериуми, како што се брзината, сообраќајот, типот на патот и надморската височина.
Воведувањето на функцијата „80% лимит на полнење“, достапна при полнење со наизменична струја (AC), исто така овозможува приспособување на нивото на наполнетост според дневните потреби.
Peugeot E-208* сега е опремен со прединсталација за функцијата V2L, која нуди можност за напојување на електрични уреди преку високонапонската батерија на автомобилот. На пример, може да се полни електричен велосипед или да се напојува мобилно осветлување. Двонасочниот адаптер овозможува напојување на надворешни уреди преку влезот за полнење и може да обезбеди до 3,5 kW и 16A. Адаптерот е достапен како додаток во салоните на Peugeot.
Сите нови модели Peugeot 208 ги добиваат следниве подобрувања:
· Нова мултифункционална видеокамера, која ја зголемува безбедноста со проширување на „областа на детектирање“ за автоматското сопирање во итни случаи, со подобро препознавање на велосипедисти и пешаци.
· Нова боја на каросеријата – Okenite Бела, која ја заменува бојата Ice Бела и сега е достапна во целата гама.
· Нова класификација на хибридните мотори. HYBRID 100 КС и HYBRID 136 КС стануваат HYBRID 110 КС и HYBRID 145 КС, за да ја претстават вкупната комбинирана моќност на нивниот бензински мотор и електричен мотор. Со ова, PEUGEOT однапред ги исполнува барањата на стандардот Euro 7.
Сите модели Peugeot 208 ќе го задржат виокото ниво на квалитет што го направија овој модел успешен: атлетски дизајн со новиот светлосен потпис на Peugeot, подобрено уживање во возењето со сè понапредниот PEUGEOT i-Cockpit®, и целосна палета на мотори за различни потреби (Бензин 100 КС, Хибрид 110 КС и 145 КС, Електричен 136 КС/100 kW и 156 КС/115 kW).
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Sport Life“ ги израдува со новогодишни пакетчиња децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби
Радост и празнично расположение кај децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби, при посетата на претставниците на „Sport Life“ обложувалници.

Тие им подарија новогодишни пакетчиња на 70 деца во групните домови за деца без родители од ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, исто така и на верните пријатели од Здружението регионален центар за лица со интелектуална попреченост – „ПОРАКА НАША“ Куманово, а оваа година 32 пакетчиња беа доделени и на Здружението за рехабилитација и инклузија на лицата со даунов синдром – Дневен центар „ДОЗА СРЕЌА“ во Скопје.
„Ова е петта година по ред, во која во пресрет на Новогодишните празници, сакаме да ја подигнеме свесноста за децата од ранливите категории и лицата со посебни потребни, т.е. оние кои секојпат треба да бидат во нашите мисли и дел од општествената одговорност на компаниите.

Се надеваме дека оваа наша посета и донација, ќе им донесе многу насмевки и среќа и ќе им ги разубави Новогодишните празници. Оваа благородна традиција е дел од нашата визија за похумано и инклузивно општество и истата ќе продолжи и во иднина“ – изјави Петар Поцков, маркетинг директор на „Sport Life“.
Воедно, „Sport Life“ обложувалниците им посакуваат среќни Новогодишни и Божикни празници, на сите граѓани, со желби за здравје, мир и благосостојба.
(ПР)
Соопштенија
(Видео) Мукаетов: „Алкалоид“ го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија
Во „Алкалоид“ посветеноста, економичноста и ефикасноста ги кренавме на највисоко можно ниво, настојувајќи максимално да ги оптимизираме процесите во компанијата потпирајќи се на нашиот највреден ресурс – луѓето, вели Живко Мукаетов, Генерален директор и претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје.
Тој вели дека компанијата и оваа година го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија.
„Го добивме бронзениот медал од EcoVadis (глобално призната платформа за оцена на одржливоста), со што се позициониравме меѓу водечките субјекти во регионот во поглед на транспарентноста и примената на одржливи практики“, вели меѓу другото Мукаетов.
Целото обраќање е објавено во видеото:
(ПР)
Соопштенија
Фотоволтаични централи и за четири куќи од СОС Детско село – до 2027 година ОКТА ќе обезбеди производство и складирање на енергија од обновливи извори за целиот комплекс
Четири куќи во СОС Детско село во Скопје отсега ќе користат соларна енергија. Компанијата ОКТА донираше соларни панели за оваа организација со вкупна инсталирана моќност од 24 KWp, со годишно производство од 32,4 MWh. Покрај соларните панели, дополнително се инсталирани и четири батериски системи за складирање на енергија со капацитет од 20 KWh.
Ова е само прва фаза од проектот кој што компанијата ќе го реализира во следните 3 години. Согласно планот, до 2027 година сите куќи во кои живеат згрижувачките семејства ќе имаат инсталирано соларни централи и батериски системи за складирање на енергија. Со реализацијата на овој проект, СОС Детско село значително ќе ги намали трошоците за електрична енергија, а истовремено ќе ја зајакне својата одржливост и дополнително ќе го унапреди квалитетот во домувањето.

„Одржливоста е заедничка обврска на сите нас. Во нашата деловна култура основа на делување и реализација на сите активности е поттикнување на одржливост и поддршка за сите чинители во заедницата. Реализацијата на овој проект за нас е вистинска чест, бидејќи со овие активности ќе дадеме конкретен придонес во унапредувањето на квалитетот на живот на децата поддржани од СОС Детско село. Тоа за нас е вистинска мотивација и во иднина да ја продолжиме соработката со оваа организација која е од големо значење за заедницата“, изјави Димитриос Пасхос, извршен директор на ОКТА.
Реализираната донација на соларни панели за четири куќи во СОС Детско село, ќе придонесе за намалување на јагленородниот отпечаток за 26 тони на годишно ниво. ОКТА и досега ја поддржуваше работата на СОС Детско село со различен тип на донации.

„Во сржта на нашата работа е детето и обезбедувањето стабилна, сигурна и грижлива семејна средина. За остварување на оваа мисија, поддршката од приватниот сектор е од исклучително значење. Ваквите проекти имаат конкретен и долгорочен ефект – ја зголемуваат нашата енергетска ефикасност и ни овозможуваат дел од средствата да ги пренасочиме кон директна поддршка на децата и згрижувачките семејства. Дополнително, еколошкиот аспект е особено важен, бидејќи со користење обновливи извори на енергија создаваме поздрава и поодржлива средина за раст и развој на децата“, истакна Јулијана Накова Гапо, национална директорка на СОС Детско село.
ОКТА ќе ја заокружи 2025 година со успешно реализирани вкупно шест донации на фотоволтаични централи наменети за едукативни и образовни институции. Овие значајни иницијативи за општеството но и за компанијата која што уште еднаш ја потврди својата цврста решителност и општествено одговорна мисија, се доказ дека одговорно домување, работа и живеење, треба да бидат врвен приоритет на сите општествени чинители. И следната година, компанијата планира продолжување и проширување на активностите на овој план со вклучување на значајни институции на локално и национално ниво.
(ПР)

