Македонија
Словенија ја поддржува реформата на јавната администрација во Македонија
Министерот за јавна администрација на Република Словенија, Франк Пропс, во рамки на својата официјална посета на Скопје, одржа интензивни работни состаноци со претставници на Министерството за јавна администрација, со цел продлабочување на соработката и размена на успешни практики во јавниот сектор.
Во фокусот на разговорите беа реформата на јавната администрација, професионализацијата на административните службеници и европската интеграција.
Состаноците со Секторот за реформа на јавната администрација и Секторот за Академијата за стручно усовршување на административни службеници резултираа со конкретни заклучоци и чекори за соработка во следните области:
-Подобрување на системот за управување со човечките ресурси – усвојување на мерит-системот и најдобрите европски практики за селекција, напредување и обука на административните службеници.
-Јакнење на капацитетите на Академијата за обука – воведување на нови, практично ориентирани програми за стручно усовршување и професионален развој.
-Следење и евалуација на реформите – воведување механизми за мерење на ефектите од реформските политики и нивно прилагодување согласно европските стандарди.
Министерот Минчев нагласи дека реформата на јавната администрација не е само техничко, туку и суштинско политичко прашање кое ја одредува иднината на европската интеграција на државата.
„Професионална и ефикасна администрација е клучна за изградба на функционална држава. Нашата цел е создавање модерен јавен сервис кој ќе одговара на потребите на граѓаните, а не на партиските интереси. Во тој процес, поддршката од Словенија и од ЕУ е од суштинско значење“ – истакна тој.
Министерот Пропс ја потврди поддршката на Словенија за реформите, нагласувајќи дека Република Македонија треба да остане на европскиот пат и дека модернизацијата на администрацијата е клучна во тој процес.
„Реформите во јавната администрација се меѓу најсложените, но и најважните чекори во секоја држава што се стреми кон членство во ЕУ. Република Македонија има политичка волја и капацитет да успее во овој процес, а Словенија е подготвена да ја поддржи со своето искуство“ – рече министерот Пропс.
Официјалната посета на словенечката делегација испраќа јасна порака дека реформите се стратешки приоритет на Владата и дека нашата држава е подготвена да ја зајакне својата администрација во согласност со европските вредности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло
Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад од кучиња скитници.
„Доктор од Клиничка болница Битола пријави дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници. Детето е пренесено во Комплекс клиники ’Мајка Тереза‘ во Скопје“, соопшти МВР.
СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.

