Свет
(Видео) Кина со снимка од 2 минути и 42 секунди му се потсмева на Трамп, тој им одговори „држете се“
Во средата, Трамп претстави дополнителни царини од 34 отсто за сите кинески стоки увезени во САД. Очекувано, Пекинг се огласи и возврати со ист процент, што е реципрочно на царините што им ги наметна Трамп. Од воведувањето на тарифите, медиумите се преплавени со оваа информација, а Кинезите решија да направат шега.
Кинеските државни медиуми масовно објавуваат видеа создадени од вештачка интелигенција на интернет, на кои се прикажани танцувачки роботи и исплашени потрошувачи . На овој начин тие го исмеваат Трамп за воведувањето царини, поради што инфлацијата би можела уште повеќе да се зголеми за Американците.
– На денот на ослободувањето, ти ни вети ѕвезди. Но, вие ги убивте нашите евтини кинески автомобили со тарифи – пее женски роботски глас во видеото објавено на веб-страницата на кинеската државна телевизија CGTN на англиски јазик.
For many Americans, "Liberation Day," hailed by Trump's administration, means shrinking paychecks and rising costs. Tariffs hit, wallets quit: low-income families take the hardest blow. As the market holds its breath, the toll is already undeniable. #LiberationDay #CGTNOpinion pic.twitter.com/RzXFFVHoFg
— CGTN (@CGTNOfficial) April 3, 2025
Има и жена која седи на масата и гледа во празна вилушка. Видеото кое трае речиси три минути е придружено со предупредување: „Песната е создадена од вештачка интелигенција. Должничка криза? 100 отсто човечка креација“.
Трамп: Држете се, нема да биде лесно
Доналд Трамп на социјалната мрежа „Truth“ изјави дека Кина е погодена многу посилно од САД и дека Америка повеќе не е „вреќа за бокс“.
– Кина е погодена многу посилно од САД, ниту блиску. Тие, и многу други народи, неодржливо лошо се однесуваа со нас. Бевме глупава и беспомошна „вреќа за боксирање“, но не повеќе. Ги враќаме работните места како никогаш досега. Повеќе од пет милијарди долари инвестиции веќе, и тоа брзо расте! Ова е економска револуција и ние ќе победиме. Држете се, нема да биде лесно, но крајниот резултат ќе биде историски. Ќе ја направиме Америка повторно голема! – напиша Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

