Македонија
Попов: УМС на ВМРО-ДПМНЕ е со јасна визија за младите, наш приоритет е реализација на многу проекти од суштинско значење за младите луѓе
На денешниот настан по повод 34 години од формирањето на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, имаше обраќање претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, кој истакна дека Унијата на млади сили е најуспешна и најголема организација поради фактот што се залага за иднината на младите во државата, ги зема во предвид ставовите, идеите и целите на младите луѓе и се насочува кон подобрување на нивните услови за живот во сите сфери од општественото живеење, затоа што младите се иднината на Република Македонија.
„Најголемата и најдобро организираната политичка младина во Република Македонија тоа е Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, многу пати сум го рекол ова, но денес сакам уште еднаш да го кажам, јас за секој млад човек кој сака некако да и даде на државата нешто свое, доколку сака да се вгради во развитокот на државата и пред се и над се доколку сака некој млад човек да и помогне на Република Македонија, УМС на ВМРО-ДПМНЕ би рекол дека е единствената младинска организација преку која секој млад човек во државата може да го направи тоа и затоа нескромно констатирам дека УМС е младинската организација која ги артикулира ставовите и мислите на мнозинството од младите луѓе во Република Македонија“, вели Попов.
Попов истакна дека членството во Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е силно мотивирано и насочено кон реализација на сето предвидено, а воедно и се заблагодари на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, за несебичната поддршка којашто тој ја пружи на УМС.
„Ние сме една организација најбројна во државата која обединува млади луѓе со иста идеја и ние сме многу силно мотивирани и навистина сакаме да го реализираме она за коешто сме собрани денес, но ниеден наш труд и ниедна наша масовност и ниеден наш ангажман тоа не може да го направи да биде во реализација доколку ја немаме поддршката од сениорските структури, доколку немаме претседател каков што имаме на партијата а тоа е претседателот Христијан Мицкоски“, рече Попов.
Попов продолжи и додаде дека Владата има јасна визија за младите во државата од самиот почеток, со зголемувањето на буџетот за младите притоа потенцираше дека се планира реализација на клучни проекти кои ќе бидат од големо значење за студентите и воопшто за сите млади луѓе.
„Оваа година покажавме и докажавме дека имаме Влада која што ќе биде партнер на младите луѓе, токму поради тоа што покажавме дека нашите намери сакаме да ги реализираме навистина во пракса, тоа се покажа од првиот ден кога ставките наменети за млади во буџетот беа со неколку кратно зголемени средства, така знаеме во наредниот период дека и студентските домови ќе бидат реализирани, така знаеме дека во наредниот период и факултетите ќе бидат дигитализирани, дека ќе се отвораат работни места за младите, знаеме дека желбата и замислата на Владата за младите луѓе не е декларативна, туку е вистинска и реална“, истакна Попов.
Во фокусот на своето обраќање ги стави и целите кои УМС ги има за периодот што следи, истакнувајќи дека се она што ќе биде предвидено во програмите на идните градоначалници, ќе се оствари на дело, односно ќе има видливи резултати.
„Приоритет за мене и за УМС доколку пред парламентарните избори, беше да видам што е можно повеќе проекти за млади во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, за тоа сум се борел бидејќи знам дека програмите на ВМРО-ДПМНЕ се реализираат, затоа е многу важно што ќе се најде во тие програми, сега мој приоритет и на УМС, во наредниот период ќе биде да видиме што е можно повеќе спортски сали, спортски комплекси, повеќе инвестиции низ средните училишта и се она што им значи на младите луѓе од локален карактер, се она што ќе го прочитаат младите во програмите на идните градоначалници, тоа ќе го видат и на самиот терен“, заклучи Попов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени
Времето денеска е биде променливо облачно и релативно топло, велат од Управата за хидрометеорологија (УХМР). Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, првин во западните делови ќе има врнежи од дожд.
На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.
Македонија
Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор
Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела, без селективен пристап по заканите за тепање и убивање полицајци. Маршот ќе почне во 11 часот со јавен собир пред Основното јавно обвинителство Битола од каде ќе се маршира кон хотел „Епинал“, а ќе заврши на плоштадот „Магнолија“.
„Како одговорен синдикат ќе организираме мирен марш со цел да се актуелизира и јавно да се побара доследно и еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела, без исклучоци и без селективен пристап. Повод за маршот се последните јавни изјави и настани во Битола, во кој поединци се закануваа дека ќе тепаат и убиваат полицајци доколку се обидат да ги спроведат законите, кои повторно ја отворија темата за двојните аршини во постапувањето на институциите кога се работи за полицајци и останати граѓани и создадоа чувство на неправда. Целта на маршот не е насочена против ниту една етничка, социјална или друга заедница, туку е јасен апел и крик за потребата од владеење на правото, каде што законот ќе важи подеднакво за сите, без разлика дали се работи за полицајци, граѓани или институции“, најавија од НСП.
Барањата кои е се упатат од маршот се: еднаков третман пред законот за сите извршители на кривични дела, а не само на полицајците, крај на селективната правда и притвор за сторителите, бидејќи за ваков сличен настан пред само 2 години кој се случи во Прилеп, кога лице се закануваше на обвинителка веднаш беше побарано и определено притвор, барање за итна промена на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и враќање на поранешната глоба која изнесување 1000 евра за омаловажување на државни органи и полициски службеници, наместо сегашните 50, односно 150 евра.
Целта на мирниот марш од НСП велат дека е и враќање на достоинството на полицијата.
Независниот синдикат на полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против две лица поради упатени сериозни закани по животот на полициски службеници. Двете лица јавно се извинија за заканите со објаснување дека се заканиле оти биле под стрес.
Македонија
Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост поради појава на магла до 60 метри има на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица, на планинскиот премин Стража до 100 метри и кај Маврово до 100 м.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ потстува дека е на сила законската обврска за зимска опрема во возила и препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

