Македонија
„Апасиев ист Артан Груби, и двајцата купуваа по багателни цени деловен простор“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Новиот Артан Груби е Димче Апасиев. Ќе потсетиме дека деловниот објект кој семејството Груби го стекнало за околу 100 илјади евра, односно по помалку од 650 евра за квадрат, самата банка која му го доделила кредитот го проценила истиот локал за 200.000 евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Од друга страна Димче Апасиев исто како и Груби купува деловни простории по багателна цена. Имено, опозициската Левица купила имот во центарот на градот од 409 метри квадратни на Адвокатска улица, кој е купен со договор во ноември минатата 2024 година за цена од 295.000 евра со ДДВ. Тоа значи дека, согласно овој договор, овој објект Левица на Апасиев го купила за 721 евро за метар квадратен.
Додека пак цената која Град Скопје им ја пресметал за овој објект е 1.150 евра по метар квадратен, а данокот којшто партијата Левица го платила за купувањето на овој објект е во вредност од 739.285 денари.
Освен тоа што Димче има мерак како Артан да купува деловни објекти по центарот на Скопје, втората заедничка карактеристика е што сакаат да купуваат за џабе.
Трговецот Димче Апасиев е новиот Артан Груби. Левица не е ништо друго туку спаринг партнер од истото криминално лице за ДУИ – СДС“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

