Македонија
Акциски контроли на угостителски објекти во Битола, затекнати 20 малолетници

Полицијата во рамки на планираните активности денеска (13.04.) во 00.30 часот извршија акциска контрола во повеќе угостителски објекти и објекти за забава во Битола кои што се детектирани како места каде што доаѓаат малолетни лица.
Притоа во клуб лоциран на улицата „Климент Охридски“ затекнати биле 16 деца, а во угостителски објект лоциран на булеварот „1-ви Мај“ биле затекнати уште четири деца, при што сите тие се предадени на родителите, а по документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Филипче и Заев да кажат кој е патот до златна виза во Дубаи, додека викаа дека ќе ја спасуваат Македонија тие ги спасувале милионите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Нема ниту еден демант ниту пак реакција од СДС да кажат кој е патот до поседување на златна виза во Дубаи. Да објаснат на кој начин и со кои инвестиции има златна виза во Дубаи семејството Заеви? Како со административна плата, па бил и премиер, Заев стигнал до златна виза во Дубаи?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
„Колку милиони чини и на кој начин се стекнати?
Дали е точно дека со оваа афера е поврзан и лидерот на опозиција и привремен чувар на местото претседател на СДС, Венко Филипче.
Дали Венко Филипче поседува виза за Дубаи?
На кој начин ја стекна, имајќи во предвид дека цел живот е на административна плата без ден работен стаж во приватен бизнис?
Додека велеа дека ја спасувале Македонија, тие ги спасувале милионите.
СДС е синоним за криминал, неспособност и предавства“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Општина Илинден пушти во употреба две детски игралишта во Мралино

Општина Илинден работи на реконструкција и урбанизација на сите населени места со цел, како што велат, задоволување на потребите на сите граѓани.
„Деновиве, израдувани беа најмалите жители на населеното место Мралино, кадешто во употреба беа ставени две детски игралишта. Едното игралиште се наоѓа на дел од улица „7“, додека пак другото е во дворот на ПООУ „Ристо Крле“. Во рамки на двете детски игралишта се поставени реквизити: лулашки, клацкалки, лизгалки и фигури со коњче, како и клупи и канти за отпадоци, како неопходен и неизоставен дел за уредување и одржување на просторот. ПООУ „Ристо Крле“, може да се пофали и со новиот хортикултурно уреден парк и партерно уреден двор со бекатон плочки на површина од 722 м2, нов паркинг простор и патеки околу училишната зграда“, соопшти Општината.
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид на детските игралишта и истакна дека освен во просторното уредување и реконструкција, овие детски игралишта се од особена важност за релаксација и рекреација на најмалите жители на општината. Градоначалникот додаде дека во овие спортско-рекреативни катчиња, најважните членови на општеството ќе уживаат во игра и забава исполнети со спортски дух.
Новите детски игралишта претставуваат континуитет на успешните проекти на општина Илинден за урбанизација и уредување на сите населени места во општината. Во наредниот период ќе бидат изградени нови и реконструирани постојните игралишта и во останатите населени места, додаваат од општината.
Македонија
Алијанса за Албанците не излегува од „Влен“, на изборите ќе оди со свои кандидати

Алијанса за Албанците останува во коалицијата „Влен“, но на локалните избори ќе излезе со сопствена листа на кандидати за советници. Ова беше одлучено доцна синоќа на состанокот на партиското раководство.
„Не излегуваме од коалицијата, излегуваме со наши листи за советници. АА одлучи дека во сите општини каде што Албанците се кандидираат, ќе настапи со посебни листи за општински советници. Не може 4-5 луѓе од Влен да одлучуваат за кандидати за градоначалници без сондажи и анкети на јавното мислење”, рече лидерот на АА, Арбен Таравари,
Тој рече дека остануваат дел од „Влен“.
„Остануваме во коалиција освен ако тие не нѐ исклучат, тогаш и ние ќе постапиме соодветно”, рече Таравари.
Во врска со кандидатите за градоначалници, тој изјави дека за тоа сè уште не е донесена одлука