Свет
Американскиот државен секретар: Рускиот напад е трагичен потсетник зошто Трамп сака мир

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, го осуди денешниот руски напад врз украинскиот град Суми, во кој загинаа најмалку 34 лица, нарекувајќи го трагичен потсетник зошто претседателот Трамп и неговата администрација вложуваат толку многу време и напор во обидот да се стави крај на оваа војна и да се постигне траен мир.
Рубио додаде дека САД изразуваат најдлабоко сочувство за жртвите од ракетните напади.
„Овој напад уште еднаш покажува каква цена плаќаат невините цивили секој ден и колку итно е потребен дипломатски чекор“, рече Рубио, посочувајќи дека американските дипломатски напори се интензивираат во позадината на неодамнешните состаноци со Москва.
Рубио, исто така, повтори дека САД остануваат посветени на барање решенија кои ќе донесат траен и праведен мир, но исто така предупреди дека таквите цели нема да се постигнат без упорност и подготвеност на сите страни да преземат политички ризици.
Тој го изјави ова еден ден откако пратеникот на Трамп, Стив Виткоф, се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ, а веднаш потоа Лавров го пофали Трамп како единствениот западен лидер кој ги разбира корените на конфликтот.
Американскиот државен секретар Марко Рубио го осуди денешниот руски напад врз украинскиот град Суми, во кој загинаа најмалку 34 лица, нарекувајќи го „трагичен потсетник зошто претседателот Трамп и неговата администрација вложуваат толку многу време и напор во обидот да се стави крај на оваа војна и да се постигне траен мир“.
Рубио додаде дека САД изразуваат најдлабоко сочувство за жртвите од ракетните напади.
„Овој напад уште еднаш покажува каква цена плаќаат невините цивили секој ден и колку итно е потребен дипломатски чекор“, рече Рубио, посочувајќи дека американските дипломатски напори се интензивираат во позадината на неодамнешните состаноци со Москва.
Рубио, исто така, повтори дека САД остануваат посветени на барање решенија кои ќе донесат траен и праведен мир, но исто така предупреди дека таквите цели нема да се постигнат без упорност и подготвеност на сите страни да преземат политички ризици.
Тој го изјави ова еден ден откако пратеникот на Трамп, Стив Виткоф се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ, а веднаш потоа Лавров го пофали Трамп како единствениот западен лидер кој ги разбира корените на конфликтот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Додик: Добив понуда од моќни луѓе

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека некои моќни луѓе од Европа му понудиле мирно да ја напушти Босна и Херцеговина.
„Имам понуда од некои моќни европски луѓе, кои ми испратија порака дека немаат ништо против да заминам и да бидам слободен во Унгарија, Русија, Србија, каде и да сакам“, рече Додик во емисијата „Телеринг“ на РТРС. Тој рече дека нема да ја напушти Република Српска.
Пред еден месец судот на БиХ издаде налог за апсење на Додик и му одреди едномесечен притвор поради одбивање да се јави на поканата од Обвинителството на БиХ за сослушување како осомничено лице.
Додик беше прогласен за виновен со првостепената пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит. Покрај тоа, Додик е под истрага за сомнителното купување вила во Белград, а тој одби да се јави на поканата за сослушување во тој случај.
Свет
Во Турција уапсени 525 дилери на дрога во најголемата операција во земјата

Турската полиција уапси 525 осомничени дилери на дрога во операции во Анкара, што е најголемата операција против дрога во историјата на земјата, објави министерот за внатрешни работи на земјата, Али Јерликај.
Во операцијата учествувале илјадници полицајци, кучиња трагачи, дронови и хеликоптери, а цел биле повеќе од 625 објекти, рече Јерликај, објави АП.
Рациите следуваа по шестмесечен технички и физички надзор на секој осомничен.
Свет
Италијанскиот претседател се врати во својата резиденција по успешната операција

Италијанскиот претседател Серџо Матарела денес ја напушти болницата „Санто Спирито“ во Рим по вградувањето пејсмејкер.
Во вторникот Матарела успешно беше подложен на хируршка интервенција за инсталирање пејсмејкер, а претседателството нагласи дека нема причина за загриженост, објави „Анса“.
Тој се врати во својата резиденција, објави неговиот кабинет.
Веста за хоспитализацијата на претседателот предизвика многубројни пораки за поддршка од сите политички кругови, вклучително и од премиерката на земјата, Џорџа Мелони.
„Му ги испраќам моите најтопли желби на претседателот Матарела за брзо и целосно закрепнување. Италија ве очекува набргу со истата сила и посветеност“, рече Мелони преку социјалните мрежи, пренесува „Танјуг“.