Контакт

Крвав четврток

Автомобил излета од патот кај Градско, тешко повредена 70-годишна жена

Објавено пред

Вчера на експресниот пат Дреново–Градско, во близина на приклучокот за автопатот Градско-Велес, автомобил со прилепски регистарски ознаки, управуван од М.А.(74) од Прилеп, излетал од коловозот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Љ.А.(70) од Прилеп, додека со телесни повреди се здобил возачот и другиот сопатник Ц.Б.(65) од Прилеп, констатирани во Општата болница во Велес

Извршен бил увид.

Крвав четврток

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Објавено пред

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се дели на дел од обвинетите, тврдат дел од адвокатите, кои коментираат дека максималниот рок за нејзиното изготвување е 60 дена, а дека таа е готова по повеќе од 90 дена, најверојатно поради обемноста.

dobivaj vesti na viber

Рокот за жалба е 15 дена, што според некои од адвокатите е прекраток период за да се прочита, да се анализира и да се состави квалитетна жалба.

Вкупно 211 години затворска казна добија 16 обвинети за крвавиот четврток.Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков е осуден на 18 години затвор. Началникот Митко Пешов, началникот Душко Лазаров и Горан Ѓошевски Леви, полициски службеник и дел од обезбедувањето на експретседателот на Собранието Трајко Вељаноски се осудени на 15 години затворска казна. Игор Дурловски е ослободен од обвинението.

Оливер Поповски, полициски службеник, е осуден на 13 години затворска казна, Оливер Радулов на 10 години, Мунир Пепиќ, вработен во Агенција за разузнавање е осуден на 15 години затвор.

Абдуљфета Алими, член на обезбедувањето на Собранието е осуден на 7 години, Младен Додевски на 12 години, Јане Ченто на 15 години затворска казна, Горанче Анѓеловски на казна затвор од 12 години, Игор Југ на 12 години. Влатко Трајковски е осуден на казна затвор од 15 години, Вилјам Михајловски е осуден на затворска казна од 14 години, Никола Митревски Кољо е осуден на 15 години и Александар Василевски-Нинџа е осуден на затворска казна од 8 години.

По донесувањето на Законот за амнестијата на Собранието, 15 лица во овој случај беа помилувани и за нив беше прекината постапката. Меѓу нив беа и пратениците што ги отворија собраниските врати за да влезе толпата во законодавниот дом – Сашо Василевски и Крсто Мукоски, како и тројца од водачите на протестите „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски – Бетмен, режисерот Борис Дамовски и актерот Владо Јовановски.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Поднесено обвинение против Јанакиески, Вељаноски, Ристовски и Атанасовски за организирање на упадот во Собранието

Објавено пред

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение против ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, експретседателот на Собрание Трајко Вељаноски, ексминистерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски осомничени дека се организатори на упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

dobivaj vesti na viber

На четворицата им се става на товар дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

За експремиерот Никола Груевски, кој е во бегство во Будимпешта, и поранешениот вработен во УБК, Никола Бошкоски, кој е во бегство во Грција, постапката е запрена до нивно пронаоѓање.

„Наодите од истражната постапка укажуваат дека обвинетите на почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање Влада на Република Македонија, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата, подготвиле и реализирале план со акти на насилство да оневозможат мирно примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство. За таа цел, обвинетите ги организирале и материјално ги поддржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето За заедничка Македонија што кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година. Обвинетите, како организатори, ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта, притоа овозможиле и континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите и на зградата на Собранието“, соопштија од Обвинителството.

Критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучувајќи патриотски здруженија и ангажирајќи лица за извршување насилство.

Во соопштението се наведува дека во седиште на политичка партија двајца од обвинетите континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови во одреден момент да извршат насилен упад во Собранието, знаејќи однапред дека објектот не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили и дека пречките за влез во Собранието ќе бидат отстранети.

Во исто време, еден од осомничените, за кого постапката е прекината поради недостапност, со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, во непосредна близина на Градската болница, спроти паркот Жена борец донел огнено оружје и панцирни елеци наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Во текот на немирите еден од обвинетите, со цел да се прикријат трагите од извршеното кривично дело и да не се откријат регистрираните дејствија од насилниот упад и насилството извршено внатре во Собранието, дал наредба на две веќе обвинети лица од мониторинг собата во Собранието на Република Македонија да ги извадат хард-дисковите од собраниските камери. Со сите овие усогласени и поврзани дејствија и активности обвинетите предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните, а притоа дел од пратениците и новинарите се здобиле со телесни повреди.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за продолжување на мерката куќен притвор за еден од обвинетите, додека за двајца обвинети предложи определената мерка притвор да биде заменета со мерка куќен притвор.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

(Видео) Заев за „крвавиот четврток“: На денешен ден си ја спасивме земјата од алчноста за власт

Објавено пред

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев денеска даде изјава по повод насилниот упад во Собранието, којшто се случи на денешен ден пред две години.

dobivaj vesti na viber

„Денешниот датум, 27 април е аларм кон што водат политиките на поделби и политиките на водење сметка само за лични интереси. На овој ден си ја спасивме земјата од злите намери на алчноста за власт. На овој ден, во домот на граѓаните ја одбранивме демократијата и застанавме на патот на автократијата“, рече Заев.

Тој истакна дека 27 април потсетува и на обврската, да не се дозволи никогаш да се повтори газењето врз човековите права и слободи.

„27 април потсетува на нашата одгворност крвта пролеана за да се запре злото, да ја замениме со граѓански глас кој повикува да одиме напред. Ова се времиња кога заедништвото и прогресот се единствената опција која и носи добро на нашата земја. Тоа треба да го потврдиме, со изразена силна граѓанска волја и свест дека нашиот единствен пат е напред“, рече Заев.

Првиот човек на Владата додаде дека народот секогаш носел исправни одлуки, а гласот на граѓаните е слушнат и е разбран.

„Сега е потребно секој да ја извади решителноста од себе и да постапи совесно, за доброто на своите деца и за добрата иднина на родната земја“, додаде Заев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Алијанса за Албанците не излегува од „Влен“, на изборите ќе оди со свои кандидати

Алијанса за Албанците останува во коалицијата „Влен“, но на локалните избори ќе излезе со сопствена листа на кандидати за советници....

Свет2 часа

(Видео) Бајден го одржа својот прв говор откако ја напушти Белата куќа: „Трамп пука, па нишани“

Поранешниот американски претседател Џо Бајден синоќа во Чикаго го одржа својот прв голем јавен говор откако ја напушти Белата куќа,...

Европа2 часа

Голема временска прогноза за регионот и Европа: каде ќе врне пороен дожд, а каде ќе има летни температури за Велигден

Април е месец кој се карактеризира со повеќе од променливо време, па како што може да ги прикаже летните временски...

Македонија2 часа

„Затворена кардиохирургија без да обезбеди алтернатива“, партијата Левица бара оставка од Таравари

„Скандалозниот случај со починат пациент на Клиниката за кардиохирургија, поради некоординираност и неодговорност на власта, мора да резултира со одговорност...

Свет3 часа

Кина: Трговското насилство на Трамп сериозно го поткопува глобалниот поредок

Кинеските власти сè повеќе ја кажуваат својата позиција за состојбата на глобалната економија додека Пекинг се подготвува за целосното влијание...

Свет4 часа

Трамп: Нема повеќе социјална помош за имигрантите без документи

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша меморандум кој има за цел да ги спречи недокументираните имигранти и другите неподобни лица...

Македонија14 часа

Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум полицајци, истрагата за Кочани се проширува

Издадена е наредба за приведување на седум полицајци со што практично се проширува истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во...

Македонија16 часа

Антикорупциска со низа замерки за Законот за угостителска дејност

Државната комисија за спречување на корупцијата утврди низа пропусти во законите за угостителска дејност,инспекциски надзор и законот за заштита и спасување....

Македонија20 часа

Сѐ уште не се знае кој го вандализирал споменикот на децата бегалци во центарот на Скопје – плочата е откорната, МВР работи на случајот

МВР работи на расчистување на случајот со откорнатата плоча од споменикот на децата бегалци во срцето на Скопје. Во полицијата...

Топ21 час

Случаен минувач го нашол изгубеното 6-годишно девојче од Куманово, по грешка се качило во автобус за Скопје

Полицијата во Гази Баба информираше дека е пронајдено шестгодишното девојче од Куманово кое вчера од страна на неговата мајка беше...

Македонија21 час

Претреси на осум локации во Прилеп поврзани со работењето на болницата

Финансиската полиција ја тресе прилепската болница, а  во тек се претреси на осум локации. „Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во...

Македонија22 часа

Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од петок мора да ги објавуваат цените на интернет

Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од петок ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи на...

Македонија24 часа

Приврзоците на ДУИ денес глумат глас на совеста, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во статус на социјалните мрежи се огласи по критиките од опозициските партии за одговорноста...

Македонија1 ден

Ако има пропусти, ќе има одговорност, рече Таравари за пациентот што почина чекајќи операција на Кардиохирургија

Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека ќе има одговорност ако бидат утврдени пропусти во случајот со смртта на пациентот...

Македонија1 ден

„Морален пораз за Тошковски и ДПМНЕ е советничка да поднесе оставка, а тој не“, велат од СДСМ

„Морален пораз за Тошковски и ДПМНЕ е советничка во Советот на општина Кочани од оваа партија да поднесе оставка од...

Македонија1 ден

ДУИ: Вистинското лице на една власт што не знае што значи одговорност, ниту министерот за внатрешни работи ниту директорот на Бирото за јавна безбедност не поднесоа оставка

„Во Република Северна Македонија постои јасна традиција: кога ќе се случи голема трагедија, министрите поднесуваат оставка – како морален чин,...

Македонија1 ден

(Видео) Партијата Левица: Радијата да имаат третман како телевизиите – порталите по еден вработен

Партијата Левица поднесе амандман во интерес на порталите и радијата по однос на Законот за медиуми. Пратеникот и портпарол на...

Свет1 ден

Претседателот на „Харвард“: Партиите не треба да диктираат што да учат универзитетите

Претседателот на Харвард, Алан Гарбер, вчера во јавно писмо напиша дека најстариот и еден од најпочитуваните универзитети во САД се...

Свет1 ден

„Харвард“ ги отфрли барањата на Трамп, губи 2,2 милијарди долари федерални пари

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп објави дека замрзнува повеќе од 2 милијарди долари федерално финансирање за Харвард, само неколку часа...

Европа1 ден

Лавров: САД блокираа 95 отсто од трговијата со Русија, но ние не бараме милост

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва не бара укинување на санкциите, но системот на американски мерки...