Македонија
Герасимовски: Вложуваме во проекти што го градат културниот идентитет на Центар

Стручната комисија на општина Центар ги избра најквалитетните културни проекти што ќе добијат финансиска поддршка за 2025 година, преку Конкурсот за култура.
Поддржани се проекти од различни области: визуелна и изведувачка уметност, музика, литература, театар, филм, како и програми за деца, млади и ранливи групи.
„Продолжуваме со континуирана поддршка на креативни и значајни културни иницијативи, бидејќи веруваме дека културата е срцето и препознатлив белег на нашата општина. Кога ја презедов функцијата, буџетот за култура изнесуваше 3 милиони денари, за 2025 година тој е зголемен на 13 милиони денари“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.
Целта на конкурсот е да се поттикне креативноста во општината, да се збогати културниот живот и да се создадат подобри услови за уметниците, културните работници и здруженијата. Со оваа поддршка се овозможува реализација на нови културни содржини кои придонесуваат за поактивна и покреативна заедница.
Повеќе информации се достапни на официјалната веб-страница на Општина Центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гаши – Солстром: продолжување на поддршката за интеграција на Македонија во ЕУ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши се сретна со новоназначениот амбасадор на Кралството Шведска, Ола Солстром, на кого му го честита назначувањето на амбасадорската функција и му посака успех на новата должност, изразувајќи надеж дека и во иднина ќе продолжи многу успешната и динамична соработка со Шведската Амбасада.
Тој ја искористи можноста и да изрази благодарност до Кралството Шведска за континуираната поддршка за демократскиот и економскиот развој на нашата држава преку бројни развојни проекти, не само на политичко, дипломатско и институционално ниво, туку и финансиски преку програмата за реформи за поддршка на евроинтегративниот пат на Северна Македонија со околу 10 милиони евра годишно, што ја прави Шведска најголем индивидуален донор меѓу земјите членки на Унијата.
Амбасадорот Солстром, осврнувајќи се на одличните билатерални односи меѓу двете држави, истакна дека во текот на неговиот мандат ќе се фокусира на политичките односи, односно продолжување на поддршката за интеграција на Северна Македонија во ЕУ, соработката во НАТО, како и унапредување на економската соработка. Се осврна и на контактите меѓу луѓето, и во таа смисла билатералната парламентарна соработка ја оцени како многу динамична и плодна.
Двајцата соговорници се согласија дека бројната дијаспора од Република Северна Македонија која живее во Шведска придонесува во голема мера за приближување на двете земји и за продлабочување на взаемните односи.
Гаши потсети дека во сите досегашни состави на Собранието се формира Пратеничката група за соработка со Шведскиот парламент, со што во континуитет се покажува подготвеноста и желбата за интензивирање на меѓупарламентарната соработка и го поздрави и формирањето на ваква Група за соработка и во Шведскиот Парламент, како продолжување на блиската билатерална соработка.
Македонија
(Видео) Мециновиќ: Владиниот кандидат се сретна со „Вреди“ и ја доби нивната поддршка, јас се среќавам со Скопје

Кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ кој влезе во вториот круг на локалните избори се огласи откако неговиот против кандидат Орце Ѓорѓиевски од ВМРО -ДПМНЕ кажа дека Мециновиќ во првиот круг имал поддршка од ДУИ, а со повикот за поддршка од СДСМ, нивната коалиција станала јавна.
„Денеска мојот противкандидат зборува за тоа од каде ми доаѓале или ќе ми дојдат гласовите и почнува да зборува за некоја теорија на заговор“, вели Мециновиќ.
„Владиниот кандидат се сретна со „Вреди“, ја доби нивната поддршка, јас се среќавам со Скопје и ќе продолжиме да се среќаваме со скопјани. Затоа што скопјани се охрабрени и во се поголем број ќе излезат во вториот круг. Овој контингент кој го создадовме само ќе расте“, додава тој.
Македонија
„Подадена рака“: Димитриевски добива поддршка од „Вреди“ за вториот круг од локалните избори во Куманово

Подадена рака. Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, Организациониот секретар на Алтернатива, Башким Муртези и Пратеникот Даниел Стојчевски, објави на социјалните мрежи лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.
„Во топлиот и искрен разговор од претставниците на Коалициониот партнер Влен добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Куманово, поддршка која ја отсликува мултиетничката и мултикултурната реалност на нашиот град, која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред во остварување на проекти во интерес на сите граѓани на Куманово.
Благодарам на сите кои ја препознаваат и поддржуваат визијата за иднината на Куманово и Македонија.
Заедно ќе продолжиме да го градиме нашиот град и да работиме во интерес на наши Кумановчани“, пишува Димитриевски.