Македонија
Одложено рочиштето за убиството на Вања
Рочиштето за убиството на Вања, на кое обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо требаше да даде исказ, е одложено.
Судењето е одложено поради отсуство на адвокатот на Палевски. Судот утрово добил известување од адвокатот Јовица Страшевски дека не е во можност да присуствува поради здравствени причини.
Палевски е првообвинет за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој денеска требаше да продолжи да одговара на прашања од својот адвокат.
На претходното рочиште Палевски рече дека е невин и киднапиран од судот.
Ако сакав пари, рече Палевски, имам харддиск „Тошиба“, кој го одзедоа со записник, а во кој има над 200 илјади телефонски разговори, гнасотии на оваа политичка елита, но и на новинарската професија, и доколку сум сакал да реализирам какво било користољубие, сум можел да уценувам милијардери со „ферари“ и други, но, ете, тоа не сум го направил.
Тврди дека немал мотиви за такво злосторство.
За обвинетиот Кешишев рече дека е политички неук, но стабилен човек, патриот, а за Велибор Манев рече дека го знае од партијата и бил амбициозен и алчен за пари. Боре Видевски беше зачленет од страна на Велибор Манев во Десна, скромен и дисциплиниран, рече Палевски, а за Александар Ѓорчевски рече дека првпат името и презимето му ги прочитал во кривичната пријава во ќелијата.
Тврди дека го местат оти почнал да објавува дека во македонски банки се перат пари од продажба на ирански дронови. Рече дека Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски се директно одговорни за перењето пари зашто Спасовски дозволил нерезидентен државјанин да отвори сметка во НАТО-банки во Македонија. Износите депонирани во македонските банки, рече Палевски, се доволна причина да ми се изврши морален атентат и да бидам компромитиран.
Тврди и дека сведокот Гоце Трајковски до полицијата праќал скриншотови од инфлуенсерки и новинарки, дека Вања е вонбрачна ќерка на Палевски. Обвинетиот смета дека ваквиот однос на медиумите е поради политиките на партија Десна, која единствена повела иницијатива за референдум за идентитетските прашања на Македонија.
„По една и пол година од настанот, нема наслов во медиумите во кои монструмот го посочува оружјето со кое постои веројатност да е сторено кривичното дело. Таков наслов во нашите релевантни медиуми не постои. Самата политика што ја почнавме со Десна е причина за ваквиот однос на медиумите бидејќи сме единствена партија што повела иницијатива за референдум во однос на бугарската агресивна политика кон Македонија. Примерот со организација на референдум за толку важно прашање мора да биде компромитиран зашто се поставува прашањето зошто власта тоа не го прави“, рече Палевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.

