Соопштенија
Mozzart најпосакуван работодавец за 2024 година – уште едно големо признание

Наградата за најпосакуван работодавач во категоријата игри на среќа за 2024 година е уште едно значајно признание што го зацврстува лидерството на компанијата Mozzart.
Добрите услови за работа, тимската атмосфера, можностите за професионално унапредување, разните обуки, бонусите и наградите, како и постојаната поддршка за секој вработен се причините што ги мотивираат тимовите на Mozzart да го дадат најдоброто од себе.
Овие вредности не само што придонесуваат за подигнување на компанијата на највисокото ниво, туку и го зголемуваат интересот кај луѓето да станат дел од Mozzart.
„За да се биде најдобар, неопходен е неуморен труд и посветеност, а токму тоа претставува основата на успехот на Mozzart, кој секоја година бележи раст и напредок. Ова големо признание е доказ за посветеноста и упорноста на вработените во Mozzart, кои со својата работа, професионалност и тимска енергија ги реализираат амбициозните цели и ја претставуваат компанијата во најдобро светло, изјави Марина Рајчановска, Директор на сектор за човечки ресурси.
Сето тоа е потврдено со оваа престижна награда за најпосакуван работодавач за 2024 година. Компанијата, како водечки лидер во приредување игри на среќа, останува неприкосновена на врвот, препознатлива по своите успеси и посветеност, секогаш стремејќи се кон врвните резултати и цврсто држејќи ја својата позиција која ја гради со години.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Филипче од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ убедливо најмногу штета направи на земјоделството и земјоделците

Вечерва Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од градот на тутунарите Прилеп каде се одржа граѓанска трибина „Се бориме за нашиот дом“ испрати порака дека никогаш од постоењето на државата толку не го обезличил и понижил трудот на земјоделците и тутунарите.
„Никогаш во историјата ниедна влада на овој начин ги нема понижувано луѓето кои со мака и пот заработуваат за своите семејства. Триесет илјади тутунарски семејства беа изневерени токму од оваа влада. Денес го гледаме парадоксот на лажните патриоти од ВМРО-ДПМНЕ, ветуваа развојна политика и грижа, а ги оставија на цедило оние што најмногу работат, земјоделците без поддршка, без стабилен откуп и без реализирани субвенции навреме“, рече Филипче.
Тој рече дека земјоделците не ги добиваат субвенциите кои им припаѓаат поради тоа што власта ги фаворизира компаниите, а не поединците земјоделци, но заборава дека тоа се луѓе кои ја обезбедуваат храната за секој граѓанин во државата.
„Со ВМРО-ДПМНЕ системот за субвенционирање е неправеден, се фаворизираат големите компании, а малите тутунари добиваат закочена или доцна исплата. Откупите не се спроведуваат според реалната проценка на количините на тутун, а дозволата за увоз на тутун го поткопува домашното производство, па многу производители остануваат неплатени или добиваат нецелосна вредност. ВМРО-ДПМНЕ направи многу штета, но убедливо најмногу штета направи на земјоделството лозарите, оризопроизводителите, градинарите, сточарите сите денес живеат полошо и без поддршка од државата. Пред некој ден видовме како земјоделците ја фрлаат пиперката ајварка заради лошите политики на Цветан Трипуновски и Мицкоски“, рече Филипче пред прилепчани.
Филипче рече дека Владата на СДСМ секогаш била на нивна страна дури и во најголемите кризи кои ги доживеала државата.
„СДСМ преговараше, се договараше со нив, заедно ги носеше одлуките со нив и во нивен интерес. И кога беше тешко во земјоделието, и кога не се погодуваше сезоната, СДСМ застануваше во одбрана на овие луѓе. ВМРО-ДПМНЕ ги игнорира и арогантно ги навредува“, рече Филипче на трибината во Прилеп.
Соопштенија
Каравилоски: Мојата визија е Кривогаштани да стане просперитетна општина, каде младите ќе останат

Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Игор Каравилоски, од трибината во Кривогаштани ја побара довербата од граѓаните, ветувајќи дека ќе се залага за модерна, уредена и просперитетна општина. Тој нагласи дека својата енергија, искуство и знаење ќе ги стави во служба на сите граѓани.
„Нашата програма е гласот на граѓаните. Мојата визија е Кривогаштани да стане просперитетна општина, каде младите ќе останат, земјоделците ќе имаат сигурна поддршка, а секое семејство ќе живее во чиста, зелена и безбедна средина. Сега е време сето тоа искуство, знаење и енергија да ги ставам во служба на сите вас. Во изминатите четири години нашиот градоначалник Николче Мискоски и советничкото мнозинство покажаа дека со чесна и посветена работа општината може да напредува. Продолжуваме со ист континуитет и ќе ги завршиме започнатите, а ќе започнеме нови, големи проекти“, порача Каравилоски.
Тој во својата програма најави асфалтирање на улици, изградба на повеќенаменско игралиште во Обршани, реконструкција на главната улица во Пашино Рувци, приклучување на општината на системот за водоснабдување „Студенчица“, проширување на канализационата мрежа, санација на патишта и унапредување на регионалниот пат.
Каравилоски посочи дека младите се најголема сила и врвен приоритет и најави инвестиции во младински центар, нова библиотека, курсеви за странски јазици и дигитални вештини, награди за најдобрите студенти и активна вклученост на младите преку младински совет.
Во делот на јавната инфраструктура најави уредување на тротоари, поставување на т.н. „легнати полицајци“, нови зелени површини и расчистување на дивите депонии.
Ќе се постават фотоволтаици на јавните институции, а посебен акцент стави на здравствената грижа со повторно воспоставување на Итна медицинска помош во Кривогаштани, проект „Здрав пензионер“ со два бесплатни превентивни прегледи годишно и пристап до Центарот за дневен престој за стари лица во Прилеп.
„Ние не ветуваме празни зборови, туку дела што произлегуваат од реалните потреби на луѓето. На 19-ти октомври гласаме за број 5 и листата на советници од СДСМ“, порача Каравилоски.
Соопштенија
Димитровски: Имаме план за Скопје, имаме девет политики кои се темелат на наука, европски искуства и практични решенија

Даме Димитровски, носител на советничка листа на кандидати за советници во Советот на Град Скопје на вечерашниот митинг во Бутел се осврна на проблемите со кои живеат Скопјани посочувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата имаат план имаат решенија.
„Имаме план, имаме девет темелни политики кои се темелат на наука, европски искуства и практични решенија. Тоа се чист воздух, чист град, модерен превоз, јавни простори, велосипеди и мобилност, безбеден сообраќај, култура, иновации и најважно чесно управување“, рече Димитровски.
Димитровски укажа дека ова не е само план, само зборови, ќе има конкретни активности за подобро Скопје, а не како до сега.
„Ова се наши работни задачи, ова е нешто конкретно што ќе направиме за вас, за подобро утре“, кажа Димитровски.