Свет
Зошто ниеден папа никогаш повеќе нема да се вика Петар?
Папата Франциско почина во понеделникот на 88-годишна возраст, потврди Ватикан. Почина еден месец откога беше отпуштен од болницата, каде што пет недели се лекуваше од инфекција, која прерасна во билатерална пневмонија. По смртта на папата Франциско, Католичката црква влегува во нова фаза – избор на наследник.
Откога ќе биде избран новиот папа, ќе му биде понудено да избере име што ќе го носи во остатокот од неговиот понтификат.
Зошто не може да се вика Петар?
Името Петар го носел првиот папа – свети Петар, кого католичката традиција го смета за апостол на Исус и прв поглавар на Црквата. Токму поради оваа исклучителна симболика и важност, името Петар носи посебно значење во историјата на папството.
Еве неколку главни причини зошто новиот папа, веројатно, никогаш нема да се вика Петар Втори.
Почит кон свети Петар
Свети Петар се смета за карпа на која Христос ја изгради Црквата. Преземањето на неговото име може да се толкува како обид да се изедначи со него или како присвојување на неговата посебна улога во историјата на Црквата.
Историска и симболична уникатност
Сите претходни папи, повеќе од 260, го избегнаа името Петар токму поради тоа што има статус на единствено име. Се верува дека свети Петар е над сите други папи – сите се негови наследници.
Пророштва и легенди
Има и некои црковни пророштва и легенди, како што се таканаречените пророштва за свети Малахија, кои велат дека папата со име Петар ќе биде последниот папа пред крајот на светот или вп период на големи превирања. Иако Црквата не ги признава овие пророштва како официјални, тие дополнително придонесоа за ова име да биде табу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Го замолив Путин да не ја напаѓа Украина една недела, тој се согласи
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил на еднонеделна пауза во ракетните напади врз Украина откако изрази загриженост за екстремно ниските температури што ја погодуваат земјата.
Во разговор со новинарите во Белата куќа, Трамп рече дека директно го контактирал Путин за да побара привремена пауза во ракетните напади, особено оние што ги таргетираат големите градови.
„Го повикав претседателот Путин“, рече Трамп, истакнувајќи дека и Русија поминува низ силен студен бран, но дека температурите во Украина се значително постудени.
„Имаат огромен студен бран“, рече тој, додавајќи дека го замолил Путин да ги одложи нападите една недела за да не бидат испукани ракети врз Киев или кој било друг град. Според Трамп, Путин се согласил.
„Тоа е нешто“, заклучи американскиот претседател.
По изјавите на Трамп, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека Трамп го замолил Путин да ги запре нападите врз Украина, но не сакаше да потврди дали рускиот претседател се согласил со барањето.
Свет
Португалија планира забрана за социјални мрежи за деца под 16 години
Португалија планира да воведе забрана за користење социјални мрежи за деца помлади од 16 години, според предлог-закон поднесен во парламентот по примерот на Австралија и Франција. Со законот се воведува таканаречена „дигитална полнолетност“ на 16 години.
За тинејџерите од 13 до 16 години, пристапот до социјалните мрежи би бил дозволен само со согласност од родителите, а платформите би морале да воведат системи за проверка на возраста и родителско одобрување, усогласени со државниот софтвер.
Предлагачите наведуваат дека научните истражувања покажуваат дека раната употреба на социјални мрежи може негативно да влијае врз социјалниот и когнитивниот развој на децата и да поттикне зависност.
Предлогот е дел од поширок европски тренд за заштита на младите на интернет, откако Австралија воведе ваква забрана, а Франција неодамна изгласа ограничување за деца под 15 години. И други европски земји се залагаат за заедничко решение на ниво на ЕУ.
Свет
Иран изрази подготвеност за преговори со САД за нуклеарната програма
Иран изрази подготвеност за преговори со САД за нуклеарната програма, во време на зголемени воени тензии и засилено американско воено присуство во регионот, пишува Гардијан.
Иранскиот министер за надворешни работи Абaс Аракчи навести дека разговорите би можеле да започнат наскоро, додека американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека со Иран се водат „сериозни разговори“.
Според иранската агенција Фарс, претседателот Масуд Пезешкијан дал налог да започнат нуклеарни преговори со САД. Американски и ирански изасланици би можеле да се сретнат во Истанбул, заедно со претставници од неколку арапски и муслимански земји, со цел да се разговара за можен нов нуклеарен договор.
Разговорите доаѓаат по сериозни воени судири и напади врз ирански нуклеарни постројки минатата година, како и по стотици ракетни напади на Израел. САД во меѓувреме распоредија носачи на авиони, воени бродови и борбени авиони во регионот. Трамп бара нов договор со кој би се запрела продукцијата на високо збогатен ураниум.
Истовремено, во Иран расте загриженоста дека евентуален ограничен американски напад би можел да предизвика нов бран протести и дополнителна дестабилизација, додека регионалните актери се подготвуваат за можни сценарија на ескалација.

