Македонија
Богојески донесе одлука за раскинување на договорите со тројца евалуатори
Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, донесе одлука за раскинување на договорите со тројца евалуатори и нивно исклучување од базата на надворешни експерти.
Како што велат од Агенцијата, лицата биле вклучени во процесот на евалуација, без претходно да имаат завршено соодветна обука за оценување апликации за доделување грантови, што претставува сериозно отстапување од утврдените процедури и стандарди.
За ова ќе се утврди одговорност и за внатрешно вработени лица во Националната агенција.
„Во насока на унапредување на квалитетот и интегритетот на евалуациските процеси, д-р Богојески најави сеопфатна реевалуација на сите евалуатори, при што во првата фаза ќе бидат заменети најмалку 50 % од нив. Процесот е планирано да биде комплетиран најдоцна до август 2025 година“, велат од Националната агенција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

