Соопштенија
GLEY – единствено место во дигиталниот свет со над 1.200 епизоди за деца на македонски јазик
Дали денешните деца доволно го зборуваат, разбираат и чувствуваат својот мајчин јазик?
Истражувањата на УНЕСКО, кој се залага за зачувување на светското јазично наследство, покажуваат дека квалитетното образование на мајчин јазик од најмала возраст ги подобрува академските резултати кај децата, ја зголемува нивната самодовербата и го зачувува културното наследство. Од тука се наметнува и потребата да сме упорни и во најмладата возраст да ги опкружиме децата со јазикот што треба да го чуваат.
Потребата од најмлада возраст децата и на дигиталните платформи да се опкружат со мајчиниот јазик, за поетесата и професорка по македонски јазик и литература Ана Голејшка Џикова македонскиот јазик е прекупотребно затоа што тој е првиот дом на детето. Впрочем јазикот го обликува идентитетот на начини што се протегаат многу подалеку од комуникацијата, со особено значење за време на образованието во детството.

„Учењето на македонски јазик од најмала возраст е насушно, прекупотребно, единствено само така го зачувуваме она што ни е дадено, наследено, а тоа е нашиот прв дом – јазикот. Преку содржини на македонски, во дигиталниот свет децата не само што го учат и усовршуваат јазикот, тие ја препознаваат и виталната можност да се поврзат со јазикот кој им е широко пространство за откривање, когнитивно и имагинативно. Тој не е само средство за комуникација, туку е и средство за креација, нешто што природно им припаѓа на најмалите. Важно е да бидат изложени на македонскиот јазик, за да можат и самите да креираат нови зборови. Што повеќе македонски говорители, толку повеќе трајни вредности!“ – објаснува Ана Голејшка Џикова, поетеса, професорка по македонски јазик и литература.
Како јадро на човечкиот идентитет, јазикот во најмладите години суштински влијае на формирањето и на личноста. Децата учат преку гласот на мајката, преку него го разбираат светот, емоциите и ги формираат првите мисли. Затоа и позицијата на мајчиниот јазик во свеста на секое дете е непроменлива и треба да им помогнеме да го развиваат тоа знаење. Со почетокот на формалното образование децата го поврзуваат новото знаење со она што веќе го научиле преку својот мајчин јазик, и ако ги направат овие врски, образованието станува значајно.
„Зошто да говориме на македонски од мали нозе? Зашто тоа е нашиот прв јазик. Тоа е јазикот на мама и јазикот на тато, јазикот на којшто ќе растеме, ќе се вљубуваме, ќе тагуваме и ќе се расправаме, ќе рушиме, но и ќе градиме куќа, мост, светови! Треба да го употребуваме македонскиот јазик од мали нозе за да стоиме цврсто не само врз бастунот на староста, туку и врз сопствената мисла, доследно артикулирана за светот нанадвор од светот што ни е однатре“ – вели Милош Андоновски, театарски режисер и професор по македонски јазик.
Првата македонска стриминг платформа GLEY е создадена токму со таа значајна мисија – да го промовира и зачува македонскиот јазик и култура во дигиталната ера.
„Македонскиот – јазикот кој нѐ зближува. Сакаме на овој начин да го одбележиме и Денот на македонскиот јазик затоа што за нас тоа е и нашата мисија. Ние сме платформа каде целата македонска продукција е добредојдена и лесно достапна за сите гледачи Целата содржина е преведна на македонски јазик, а за децата е сихронизирана затоа што веруваме дека децата ја градат својата иднина преку зборот, културата и припадноста. Соработка со домашните продукции за нас е начин да вратиме на заедницата од која потекнуваме, и за која работиме. Со содржина на мајчин јазик за сите наши граѓани“, вели Дарко Перушески, извршен директор на „СВОД МАСТЕР АД“ и дополнува дека е клучно постојано да се обезбедуваат нови содржини, особено од домашна продукција, кои ќе ги следат интересите на децата додека растат и се развиваат.
„Така го градиме јазичното самочувство и ги зајакнуваме културните врски“, завршува Перушески.
За најмладите нудат безбеден, едукативен и забавен простор каде децата учат и растат со содржина на мајчиниот јазик. Со над 1200 епизоди од повеќе од 30 серии и филмови, синхронизирани на македонски и албански јазик, GLEY станува сојузник на родителите кои сакаат нивните деца да го негуваат својот јазик уште од најрана возраст.
Содржината е достапна преку сите уреди, а дел од детската програма е целосно бесплатна – што е доволно за да се вљубат во македонскиот глас на нивните омилени јунаци. Децата имаат можност да гледаат и до 5 бесплатни епизоди од серии што инаку се во премиум пакетот.
Со GLEY, тие ќе растат со Петко, Биби и Боби, Зоки Поки и Лидија, како и со анимираните ликови на Штрумфовите, Тина и Тони, Блипи Вондер или Нинџа желките – но на јазик што им е близок, топол и свој. Запознајте се со понудата на GLEY.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Герасимовски: Даваме субвенции за нови фасади за зградите и ги обновуваме
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека во вториот мандат се обновуваат фасадите и се зголемува енергетската ефикасност на зградите.
„Станарите добиваат субвенции за нови енергетски ефикасни фасади, што ги намалува трошоците за греење и ладење, а истовремено добиваат современ и уреден изглед на своите згради. Со обновувањето на фасадите, Центар добива нов, модерен, но и автентичен лик. Ја чуваме старата архитектура и ја уредуваме градската средина“, рече Герасимовски.
Тој потенцираше, дека паралелно се поставуваат и фотоволтаици на училиштата и општинските објекти преку претпријатието „Енергија Центар“.
„На тој начин, штедиме енергија и ги намалуваме трошоците за електрична енергија и до 50%. Работиме одговорно, современо и одржливо. За Центар што го сакаме!“, изјави Герасимовски.
Соопштенија
Манасиевски: Од историска победа нè делат само неколку дена
На 2 ноември сите заедно да го заокружиме бројот 9, за финалната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Карпош, Шуто Оризари и Градот Скопје, повика Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од оваа историска победа не делат само неколку денови. Со 33 освоени општини во првиот круг, водство во 21 од 27 општини во вториот круг и доминација во советничките листи, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните заедно ќе ја потврдат промената што ја започнавме. Имено, во Аеродром победивме со околу 9.500 гласови разлика. Во Карпош водиме со околу 1.500 гласови. Во Скопје убедливо сме пред второпласираниот со над 60.000 гласови. Во Шуто Оризари обединети, одиме кон пресврт и конечно враќање на довербата во локалната самоуправа. Советите се клучни за реализација на нашите проекти и визии. Имаме убедливо мнозинство од 15 советници во Аеродром, 11 во Карпош, 18 во Град Скопје и 4 во Шуто Оризари. За оваа победничка слика да биде целосна, потребна е вашата поддршка. Поддршка за проекти, за визии, за граѓаните“, рече тој.
Соопштенија
Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух
Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Aлександар Јовановски, во предизборната програма предвидува нови садници во општината за почист воздух.
„Почитувани, нашиот град Кичево беше познат по богата шума, по огромен шумски појас, по боровите, по чистиот воздух, по убавата животна средина. За жал, еден дел од тој шумски појас се уништи со несовесно користење и дел со изградбата на големиот проект за автопатот кој ќе не поврзува со Охрид. Кога ќе дојдам на позиција градоначалник, веднаш ќе преминам кон проект за пошумување и враќање на старата шума со што ќе допринесеме за почист воздух, почиста животна средина и поубав живот за сите нас во Кичево“, вели тој.

