Забава
(Фото) Ана Винтур фотографирана на „Мет гала“ со дамка на фустанот, коментарите секакви
„Мет гала“ се одржа во понеделникот вечерта, а многу светски познати личности прошетаа на црвениот тепих покажувајќи ги своите модни креации.
Ана Винтур, главна уредничка на списанието „Вог“ и почесна домаќинка на „Мет гала“ од 1995 година, ретко е предмет на толку големо внимание поради своите комбинации, но овој пат мала дамка на нејзиниот фустан го привлече целото внимание.
Таа се појави во сребрена тоалета од Луј Витон со цветен дезен, а комбинацијата ја зачини со голем брош и слоевит накит, како и препознатливата боб-фризура.

Сепак, штом зачекори на црвениот тепих, социјалните мрежи се фокусираа на речиси незабележливата црвеникава дамка, што предизвика вистинска криза кај перфекционистката Винтур.
За обичните смртници таквата дамка би била незначителна, но Ана Винтур е позната по својот перфекционизам и строг стил на управување со модната сцена, а ја споредуваат со незаборавната Миранда Пристли од филмот „Ѓаволот носи Прада“. Корисниците на „Икс“ напишаа дека некој од тимот на Винтур ќе биде казнет за овој пропуст на најголемата модна ноќ во годината, а многумина отворено се плашеа за судбината на несреќниот соработник одговорен за дамката.

„Дамка?!!! Некој ќе биде отпуштен…“, „Сигурно има три асистенти, а никој немал пенкало за дамки?“, „Се чувствувам ужасно за членовите на нејзиниот тим, кои ќе го почувствуваат нејзиниот гнев поради таа дамка на нејзиниот фустан“, „Ана… дали тоа е дамка на твојот фустан?“, „Престани да ја покажуваш таа дамка на нејзиниот фустан, некој несреќен практикант ќе страда“ и „Би убила да бидам мува на ѕидот кога Ана ќе сфати дека нејзиниот фустан е извалкан со црвена дамка“, се само дел од коментарите на „Икс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

