Забава
Грешки во шминкањето што може да ве направат да изгледате 10 години постари
Иако улогата на козметиката и шминката е да нè направат да изгледаме поубаво, фактот е дека на крајот може да има спротивен ефект. Еве неколку совети и предупредувања за да бидете сигурни дека секогаш ќе имате беспрекорна шминка.
Прескокнување прајмери
Без прајмер, шминката може да се нанесе нерамномерно и да се продлабочи во брчките правејќи ги уште поизразени. Прајмерот ја измазнува кожата и создава подобра основа за остатокот од шминката.
Премногу пудра во прав
Премногу пудра може да ја направи кожата да изгледа сува и уморна. Наместо тоа, користете мала количина и нанесете ја со голема мека четка за да избегнете ефект на маска.
Лоша техника
Нанесувањето шминка со прстите може да ја растегне кожата и да внесе бактерии. Наместо тоа, користете навлажнет сунѓер за меко, рамномерно нанесување, без да ја истегнете кожата.
Погрешна пудра
Премногу тешките пудри често тонат во фините линии и брчки нагласувајќи ги. Полесните хидратантни пудри со ефект на серум изгледаат поприродно и посвежо.
Руменило
Премногу руменило, особено ако се нанесе на погрешно место, може да го нагласи губењето на природно изразените јаболкца. Нанесете руменило пред пудрата за поприроден изглед и избегнувајте премногу контраст.

Занемарување на маскарата
Без маскара, очите може да изгледаат уморно и овенато. Сепак, ниту грутчестата маскара не помага – целта се дефинирани, подигнати трепки, што ви ги отвораат очите.
Реакција на четки
Валканите четки собираат бактерии, кои може да предизвикаат мозолчиња, а старите четки нерамномерно ја нанесуваат шминката. Редовно мијте ги и заменете ги по потреба.
Лоши контури
Премногу темните контури може да создадат остри линии и да му дадат на лицето уморен, т.н. воспален изглед. За контурирање на лицето користете боја една-две нијанси потемна од вашиот тен и добро нијансирајте ги рабовите.
Премногу светки
Сјајот во хајлајтерите може да ги нагласи брчките и неправилностите. Наместо тоа, изберете производи што даваат суптилен сјај, а не блесок.
Чуден коректор
Премногу светлиот коректор може да создаде ефект на панда и да ги истакне брчките. Изберете нијанса посветла од вашиот природен тен и добро нијансирајте ја.
Претерување со веѓите
Иако добро негуваните веѓи можае да го подмладат вашето лице, премногу темните и дефинирани веѓи може да изгледаат вештачки и да ве направат да изгледате постаро. Нанесете ја бојата со лесни потези и нежно исчешлајте ги.

Лоша сенка
Темните сенки во превојот на окото може да создадат впечаток на вдлабнати очи и да ги нагласат брчките. Наместо тоа, користете мат сенки во неутрални тонови, кафеави, на пример.
Проблем со моливчето
Темните или премногу контрастните моливи може да изгледаат застарено. Изберете нијанса што е можно поблиска до вашата природна боја на усните и нежно тапкајте ја за природен изглед.
Претерување со црното
Дебелите црни линии, особено на долниот очен капак, може да го направат окото да изгледа помало и да ги нагласат темните кругови. Наместо црна, користете понежни нијанси, како кафеава, и размачкајте ги по должината на трепките.
Премногу шминка
Премногу ладни или премногу топли нијанси може да создадат несовпаѓачки, впечатливо нашминкан изглед. Изберете бои што одговараат на тенот на вашата кожа и комбинирајте ги со умереност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Британски водител: Зависноста од порнографија ми го уништи бракот и животот
Британскиот телевизиски и радио водител Орe Одуба (39) откри дека зависноста од порнографија, која почнала кога имал само девет години, го уништила неговиот брак и длабоко го погодила психички.
Во подкастот „Треба да разговараме“ тој призна дека три децении молчел поради срам и страв, а отворено проговорил дури по разводот и смртта на својот татко.
„Требаа 30 години, две смртни случаи и еден развод за конечно да кажам што се случува“, изјави Одуба.
Тој истакна дека решил да ја сподели својата приказна за да ја подигне свеста за раната изложеност на деца на сексуални содржини.
„Ова го правам за своите деца и за сите млади кои можат да западнат во нешто што не го барале,“ рече.
Одуба се прослави во 2016 година со победата во „Стрикли кам денсинг“, а претходно работеше на детската емисија „Њузраунд“ на „Би-би-си“.
Забава
Џорџ Клуни: Никогаш не сум се скарал со Амал
Џорџ Клуни откри дека никогаш не се скарале со неговата сопруга, адвокатката за човекови права Амал Клуни. Во интервју за „Си-би-ес њуз“ актерот рече дека тајната на нивниот хармоничен брак е во зрелоста и меѓусебната поддршка.
„Сите се сомневаат кога ќе кажам, но навистина никогаш не сме се скарале“, изјави Клуни, објаснувајќи дека со текот на годините престанал да се расправа за ситници. „Кога си млад, сакаш секогаш да бидеш во право. Денес, ако Амал сака да го обоиме ѕидот во црвено — едноставно не ми е важно,“ рече со насмевка.
Актерот додаде дека нивниот однос се темели на почит и разбирање, а не на натпревар. Клуни и Амал се запознале во 2013 година, се свршиле следната година и се венчале во Венеција во 2014 година. Денес се родители на близнаците Александар и Ела.
Забава
Кира Најтли призна: Славата по „Пиратите од Карибите“ беше толку тешка што доживеав нервен слом
Британската актерка Кира Најтли откри дека по улогата во филмската франшиза Пиратите од Карибите добила посттрауматско стресно нарушување (ПТСП). Огромната слава што ја стекнала на само 17 години, по првиот филм во 2003 година, ѝ предизвикала психички притисок и тешко се справувала со вниманието на јавноста.
На 22 години доживеала нервен слом, по што побарала стручна помош и направила едногодишна пауза од глумата. Денес, на 40 години, Најтли вели дека ужива во кариерата и во „многу помирно ниво на слава“.
Интересно, таа признала дека никогаш не го погледнала третиот дел од Пиратите од Карибите. Некои од своите други филмови, како „Всушност, љубов“ (Love Actually), ги гледала само еднаш – на премиерата пред повеќе од две децении.

