Македонија
„Влен“: Северна Македонија ја презема водечката улога во стратегијата EUSAIR за поповрзан регион
Министерот за европски прашања од ВЛЕН, Орхан Муртезани, учествуваше на Панелот на министри за европски фондови во рамките на EUSAIR форумот, каде што се дискутираше за иднината на Јадранско-јонската регионална стратегија.
„На овој значаен настан, Северна Македонија беше претставена како земја која наскоро ќе го преземе водството во стратегијата EUSAIR, која веќе една деценија игра важна улога во градењето регионални врски и поддршката на процесите на европска интеграција.
Министерот Муртезани ја презентираше визијата на Северна Македонија за посилен, подинамичен и поповрзан макрорегион, преку развој на инфраструктурата, дигитална инклузија, зголемено учество на младите и отворена соработка со граѓанскиот и приватниот сектор.
Понатаму, Северна Македонија ќе преземе одговорност и за координирање на тематскиот столб “Поврзување на регионот“, кој има за цел да промовира конкретни проекти за зајакнување на економските, институционалните и човечките врски меѓу земјите од регионот.
ВЛЕН ја смета оваа нова улога како можност за понатамошно зајакнување на позицијата на Северна Македонија во регионот и за демонстрирање на посветеност кон активна и одржлива соработка кон целосна европска интеграција“, се наведува во соопштението на ВЛЕН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

