Македонија
„Влен“: Пропадна пазарот што го направи ДУИ со Таравари за дестабилизација на Владата и предизвикување предвремени избори
„Пазарот кој што го направи ДУИ лично со Арбен Таравари за дестабилизација на владата и предизвикување на предвремени избори, пропадна. Последната надеж и лага која ДУИ им ја сервира на своите членови, дека брзо ќе се врати на власт, е веќе минато. Не помогна ниту Олигархија, ниту Соравија, ниту Лотарија. Ова се вистинското лице на срамот на ДУИ и синоним за злоупотреба на власта за богатење на семејството“, велат од „Влен“.
„Идејата за плурализам, демократија и борба против корупцијата победи на изборите, победи и во овие матни игри и повторни обиди за делење на албанското политичко ткиво. Али Ахмети веќе нема сила со поделби на Албанците да биде власт, да одлучува сам, да се богати неговата фамилија, да ги брка нашите деца надвор од државата.
ВЛЕН е горд на демократијата и плурализмот кој ги донесе, додека ДУИ сака една партија да владее.
ВЛЕН е горд дека ги обединува Албанците, додека ДУИ ги дели.
ВЛЕН е горда дека донесе одговорност за корумпирани политичари, додека ДУИ сака да ги заштите криминалците од нивните фамилии.
ВЛЕН е горда дека е демократска, додека ДУИ е партија на едно семејство.
ДУИ треба да се помири дека ќе остане во опозиција уште долги години. Народот е против ДУИ. Меѓународната заедница е против ДУИ. Стратешките партнери се против ДУИ.
ДУИ е сама, изолирана и непосакувана од сериозните партнери. ДУИ остана во бродот што тоне осамена со корумпираните политичари кој сеуште ги контролира“, се додава во соопштението на „Влен“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

