Македонија
Манасиевски: Фирмата за тендери, „Стентон градба“, во време на СДС 90 oтсто од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Има фирми кои работат пазарно, се борат и се натпреваруваат и има фирми кои со СДС работеа само за тендери. За овие вториве СДС се патрон. Зачудувачки е како ЈО со години молчи за тендер шемите на Стентон Градба. Ова го изјави Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој рече дека во период од 2019 до 2023 година, Стентон Градба добиле државни тендери од 66,5 милиони евра, што е за нецели 5 милиони евра помалку од вкупните приходи на друштвото.
„Мора да се нагласи дека и остатокот од 5 милиони евра, кои не се добиени директно од тендери, поголемиот дел се наплатени како подизведувачи на други фирми исто така на тендери. Дали некои фирми се направени само за да фаќаат тендери, додека остатокот треба да се мачат и по пазарни услови да се борат за корка леб? Како е можно Стентон Градба да нема никаква друга работа освен тендери, и тоа кога СДС беше на власт да биде во топ 10 тендераџии во државата? Дали институциите не го сметаат за сомнително тоа што фирмата 4 години буквално живеела само од тендери? Фаќала работа далеку од нејзината база, а фирми кои се многу поблиску истата не ја добивале? Дали и како Стентон Градба ги добивале тендерите? Дали игра клучна улога СДС, Заев и Филипче?“, праша Манасиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Активен е еден пожар на територијата на Македонија, два се под контрола, извести ЦУК

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Македонија имало вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а изгаснати се 24 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи.
ЦУК извести дека е активен пожарот во општина Долнени, село Долгаец, каде што гори мешана шума.
Под контрола се два пожари, во општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума) и во општина Гевгелија, на планината Кожуф (висока шума).
Како што информираше ЦУК, изгаснати се 24 пожари.
Македонија
„Влен“: Бујар Османи го вети автопатот Скопјe-Блаце, но донесе само лаги

„Поминаа 5 години, 7 месеци и 8 дена од свеченото потпишување на договорот за „првите 2 километри“ на автопатот Скопје – Блаце, а ветувањето на Бујар Османи со кое се фотографираше и политички се фалеше остана нереализирано“, велат од „Влен“.
„ФБ сесии, фотографи, изјави, скапи видеа, но резултати нула. Тоа е Бујар Османи. Ветуваа автопати, оставија само албуми со слики. Ветуваа нови болници, оставија семејни трагедии. Ветуваа водоводи, оставија пустош.
Бујар Османи беше министер во владата на Груевски, вицепремиер за европски прашања и министер за надворешни работи кај Заев и Ковачевски, вкупно повеќе од една деценија на највисоки државни функции. За тоа време немаше резултати за овој проект, ниту за албанските општини за кои најмногу ветуваше. Имаше Фејсбук сесии, снимени видеа и лажни ветувања, а резултати нула.
Доста беше со промотивни настани на лажни големи ветувања. Бујар Османи нема што да покаже како резултат зад себе, нема реализирани проекти, нема изградено ништо, нема помогнато никому.
Бујар Османи е политичар кариерист, без резултати. Неговите ветувања денес за Чаир се исти како ветувањето за автопатот кон Блаце пред пет и половина години. Празни“, се наведува во соопштението на „Влен“.
Македонија
На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.