Македонија
(Видео) „Димитриевски се уште не даде одговор на ниту едно прашање, институциите да не молчат и да постапат за овој случај“, вели Мургашанска
„Денеска продолжуваме со прашања до Максим Димитриевски кој е длабоко заглавен во криминал и фатен во корупциски скандал тежок 350.000 евра. Три дена по објавувањето на скандалот, Димитриевски се уште не даде одговор на ниту едно прашање, а институциите се уште не молчат и не постапуваат“, рече Атина Мургашанска, советничка во Советот на општина Куманово.
„Денес ќе прашаме јавно која е позадината и договорот за поддршката која одеднаш дојде од советничката група на ДУИ? Што Максим ветил?Прашуваме, дали е точно дека станува збор за договорено „завршување работа“ за сообраќајно решение на една зграда која се гради, а е во сопственост на еден од советниците? Дали она што го гледаме е класична размена на услуги?
Чекаме одговор од големиот борце за правда Димитриевски. Максим И овој пат се надеваме дека ќе воздржи од непродуктивните контранапади, ниедно обвинување кон СДСМ не може да го побие фактот дека со овој скандал тој ги урна своите клучни изборни ветувања пред граѓаните – дека ќе се залага за правда и дека ќе се бори против ДУИ.
Граѓаните на Куманово со право се во шок, човекот кој не престана да зборува дека имало криминал во државата и дека за тоа, пред сè, е виновна ДУИ, сега самиот прави криминал со поддршка на советниците на ДУИ. СДСМ јасно предупредуваше за ова уште во изборната кампања. ЗНАМ е во политиката поради две причини: прво, да биде продолжена рака на Мицкоски, и второ, Димитриевски да си ги спроведува криминалните проекти во општина Куманово“, изјави Атина Мургашанска, советничка во Советот на општина Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патните правци Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес и од 100 – 150 метри на патните правци Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.

