Црна хроника
Возило излета од регионалниот пат Валандово – Струмица: во несреќата тешко повредена девојка

Вчера во 22.40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Валандово- Струмица, на делницата од крстосницата за село Куклиш, струмичко, до крстосницата за село Раборци, струмичко, патничко возило „фолксваген поло“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната В.К. од село Собри, валандовско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката И.П.(24) од с.Собри, валандовско, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанка пронајдена почината во стан на Бит Пазар

Во СВР Скопје вчера во 10.30 часот е пријавено дека во стан на подрачјето на Бит Пазар пронајдена е почината М.Ш.(65) од Скопје.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на jавен обвинител, телото на починатата е предадено за обдукција, соопшти полицијата.
Црна хроника
Починат маж пронајден на паркинг во скопски Центар

Вчера во 10.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг на подрачјето на Центар пронајден е починат С.А.(40) од с.Банско, струмичко.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Полицијата соопшти дека бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на jавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
Црна хроника
Управувал мопед со 2,14 промила алкохол во крвта: уапсен гостиварец

Вчера во 14.58 часот на ул.„Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Е.С.(68) од Гостивар.
Тој управувајќи мопед изгубил контрола и паднал на коловозот, а при извршениот увид утврдено е дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.