Македонија
„Скандал: Филипче замина на одмор, од грчките плажи и под палмите во Дубаи пишува статуси за законот за Кочани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Каде е Венко Филипче? Дали е точно дека 5 дена Венко Филипче е надвор од државата? Тој од 10.5 2025 година ја напушта Македонија одејќи во Грција. Дали е точно дека тој, всушност, пишува фејсбук-статуси за жртвите од Кочани и лажно лее солзи за памфлетот од закон за Кочани од грчките плажи“, прашуваат ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали е точно дека потоа од солунскиот аеродром лета за Дубаи со златната виза?
Дали случајно е во Дубаи по бизнис заедно со Зоран Заев?
Јавноста заслужува одговори за тоа каде е Венко Филипче.
Срамно е што на неговата фејсбук-страница објавува статуси за Кочани и се претставува за лажен заштитник во исто време кога шета на песочните плажи и ужива со украдените пари.
СДС и Филипче се синоним за криминал, корупција и предавства“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

