Македонија
Австриската министерка за надворешни работи доаѓа во Скопје

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре, 16 мај, ќе биде домаќин на министерката за надворешни работи на Република Австрија, Беате Мајнл-Рајсингер, информира МНР.
Ова е прва посета на министерката Беате Мајнл-Рајсингер на нашата земја по стапувањето на функцијата министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија на 3 март 2025 година.
„Во фокус на разговорите ќе биде унапредувањето на билатералните односи, реафирмирање на австриската поддршка на македонската интеграција во Европската Унија, како и размена на мислења за клучни регионални, европски и глобални прашања“, велат од МНР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЦУК: 5 активни пожари на отворен простор

Центарот за управување со кризи информира дека до 08:00 часот, има вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни, 2 се под контрола и 22 се изгаснати.
Активни пожари:
1. Општина Желино: с.Желино према Еребино – планина Жеден (нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација);
2. Oпштина Василево: с.Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);
3. Општина Македонски Брод 1: с.Грешница (мешана шума и ниска вегетација);
4. Општина Македонски Брод 2 (реактивиран): помеѓу с.Црешнево, с.Локвица, с.Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);
5. Општина Прилеп: помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и ниска вегетација).
Пожари под контрола:
1. Општина Македонски Брод: с.Слатина (смрека, сува трева и друга ниска вегетација);
2. Oпштина Велес: кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума);
Изгаснати се пожари во следните општини: Студеничани (Горно Количани, Батинци), Бутел, Сарај, Кисела Вода, Крушево, Демир Хисар, Ресен, Дојран, Струга, Свети Николе, Штип, Кочани, Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Тетово, Брвеница и Гостивар.
Македонија
Времето денеска сончево и многу топло

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Минималните температури ќе се движат од 11 до 20, а максималните од 29 до 39 степени целзиусови.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура во главниот град ќе биде 19, а максималната 39 степени.
Македонија
(Видео) Ѓорчев: Во Неготино разговаравме за сите теми од лозарство до животниот стандард, Македонија оди напред

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, денеска од Неготино порача дека партијата е активно присутна на терен, ги објаснуваат владините политики и ги слушаат проблемите на граѓаните. Како што истакна, посетуваат населби и села низ цела држава.
„Ја подготвуваме нашата програма за локалните избори, затоа што имаме сериозна, сериозна намера да победиме и во Неготино, и во целата Тиквешија, но и во цела Македонија. Разговараме за темите поврзани со земјоделието, од тутунот преку лозарството и грозјето, до сите оние други теми поврзани со живеачката, со платите, со животниот стандард, инфраструктурата, растот на пензиите којшто се случува“, кажа Ѓорчев.