Македонија
ДУИ: Преку засилена антиалбанска политика Мицкоски веќе една година води Влада на поделби, порази и национализам
„Во време кога граѓаните очекуваа резултати, стабилност и достојна европска перспектива, Владата на Мицкоски продолжува да јава на бранот национализам што го јавнаа за време на изборите, и веќе цела година нуди само пропаганда, поделби, понижување и неуспех. Со ова, безмалку веќе цела година, државата наместо да се движи напред, таа станува сѐ позаробена и сѐ повеќе внатрешно поделена“, велат од ДУИ.
„Иако најавен како приоритет број еден, процесот на интеграција во ЕУ е целосно блокиран, без никаков план или било каква предвидлива перспектива за негово одблокирање.
Нашите граѓани немо гледаат како Албанија, Црна гора, но веќе и другите земји од истокот фаќаат чекор со новата европска реалност и чекорат сигурно напред кон полноправно членство во Унијата.
Во исто време, Мицкоски и неговиот најблизок круг, наместо да честитаат на успехот на соседот, тие го засилуваат антиалбанскиот сентимент, навраќајќи се на некакви нивни лични предвидување дека „Албанија никогаш нема да стане дел од ЕУ“.
Наместо инвестиција во зајакнување на меѓуетничките односи, како клучниот столб на долгорочната стабилност на земјата, Мицкоски и неговиот најблизок круг ја засилуваат антиалбанската реторика, која преставува континуитет на нивната изборна мантра за „сместување на Албанците кај што им е местото“.
Овој опасен моноетнички проект во кој Мицкоски го вклучува и обвинителството, судството, олигархијата, дел од невладиниот сектор, длабоко ја дели и поларизира јавноста, процес кој ќе остави долгорочни последици во разнебитување на внатрешното ткиво на земјата.
Економскиот развој постои само во пропагандата на Власта, која ги извитопери сите статистички индекси само за да прикаже некакви позитивни бројки на хартија; во исто време граѓаните во реалноста секојдневно се справуваат со сѐ високи цени, ниски плати и масовно иселување на младите.
Социјалната правда не само што е етнички заробена, туку е и маргинализирана и институциите не одговараат на основните потреби на граѓаните.
На Мицкоски му остана да ја одржува својата политичка позиција со лажен патриотизам, евтин национализам и застарена реторика инспирирана од времето на Милошевиќ.
Оваа Влада е подготвена да направи сѐ за да го прикрие очигледното: недостаток на визија, знаење и храброст да се решаваат реалните предизвици на државата.
Но, Албанците се обединуваат. Наспроти оваа антиевропска и антиалбанска влада се формира достоинствен, национален и граѓански фронт кој бара еднаквост, стабилност и иднина за сите.
Дури и најжестоките политички противници ги оставаат настрана разликите за да го бранат достоинството, националниот интерес и да им го обезбедат на граѓаните она што тие го бараат: пристојна почит и европска перспектива.
Остатоците од Влен во Владата сѐ уште се водат од привилегиите со кои Мицкоски ги држи фатени од власта. Тие ќе останат како последни фигури на една период во заминување, период кој Албанците ќе го паметат по на понижување на нивното достоинство и блокирање на нивните аспирации“, се наведува во соопштението на ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

