Забава
(Фото) Нејзините голи изданија се видени и претходно, но најновото ги остави сите без зборови

Убавата актерка Дакота Џонсон е исто така во Кан за време на познатиот Филмски фестивал, а сега ја искористи можноста да присуствува на церемонијата на доделување на наградите Kering’s Women In Motion, каде што исто така блесна.
Таа неодамна привлече внимание поради наводите дека планира да отвори сметка на OnlyFans.
Се чини дека Дакота навистина сака транспарентни креации, па затоа неколкупати веќе носеше слична провокативна облека.
За оваа пригода, таа избра долг свечен сребрен фустан покриен со илјадници светки и беше јасно дека фустанот е целосно транспарентен. Затоа Дакота одоздола носеше боди во боја на кожа, што дополнително ја истакна нејзината прекрасна фигура.
Нејзината необична убавина повторно беше истакната со малку вечерна шминка, а косата ја врза лежерно.
Впечатливите обетки веднаш го привлекоа вниманието додека Дакота позира за фотографите со насмевка.
Таа уште еднаш покажа дека елеганцијата, дефинитивно, мора да биде вродена, а таа ја има премногу. Дури и кога е провокативна, тоа е секогаш умерено, па затоа Дакота е една од актерките што секогаш ги поместуваат границите кога станува збор за модата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Дојде и тој ден: конечно ги покри градите

Се чини дека популарната актерка повторно е во центарот на вниманието поради својата облека, но ова не се очекуваше.
По Венецискиот филмски фестивал, на ред дојде и Филмскиот фестивал во Торонто. Веќе имавме можност да ја видиме гламурозната креација на Сидни Свини, а сега се чини дека популарната актерка повторно е во центарот на вниманието, и повторно поради нејзината облека.
Сидни се појави на гала вечерта на фестивалот во „необична“ креација – невообичаена за нејзините стандарди.
Честопати сме ја виделе фаталната русокоса во атрактивни комбинации кои привлекуваат погледи и воздишки, но се чини дека овој пат решила да ги прикрие своите најголеми адути – нејзините гради.
Сидни носеше елегантен миди фустан во црна боја кој ја истакнуваше нејзината витка фигура и природна убавина, а стајлингот го комплетираше со едноставна шминка во земјени тонови и брановидна фризура.
На црвениот тепих ѝ се придружи нејзиниот поранешен вереник Џонатан Давино, и се чини дека поранешните љубовници сакаа да им дадат до знаење на сите дека меѓу нив нема „лоша крв“.
Сега прашањето е – па, дали е вистина?
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Вечерва завршува AERO Street Food Festival

По три дена исполнети со рекордна посетеност, одлична атмосфера и незаборавни гастрономски искуства, денеска во парк „Авионче“ – Општина Аеродром ќе се одржи последниот ден од првото издание на AERO Street Food Festival.
Во изминатите три дена, илјадници посетители уживаа во специјалитети од најпознатите брендови за улична храна, во музички настапи и забавни предизвици кои го раздвижија Скопје. Фестивалот се покажа како вистинска атракција за сите генерации и потврди дека ваков настан одамна му недостасуваше на овој дел од Скопје, велат од општина Аеродром.
Денеска сите љубители на добрата храна и урбаната забава имаат уште една можност да бидат дел од овој единствен гастро спектакл.
Програмата, празнично ќе кулминира со настапи на Southpark, Dj Foodieman, Dj Ficho и други активности што ќе го заокружат фестивалот на најдобар можен начин. Фестивалот се реалзиира со поддршка на општина Аеродром.
Забава
Познатиот актер конечно призна дека имал афера: го чинеше скапо – беа уништени два брака

Џон Малкович конечно призна дека имал афера со актерката Мишел Фајфер. Но, тоа го чинеше скапо, вели тој.
Сè се случило за време на снимањето на филмот „Опасни врски“, каде што Џон Малкович го играше шармантниот Валмон, а Мишел Фајфер ја играше Мадам де Турвел. Хемијата меѓу нив беше забележителна, но никој не можеше да верува дека нивните емоции се вистински.
Малкович во тоа време беше во брак со актерката Глен Хедли, додека Фајфер беше во брак и со актерот Питер Хортон. Славниот актер сега, по толку години, призна во подкастот „Fashion Neurosis“ дека аферата го чинела скапо.
„Тоа не е тема за која некогаш сум зборувал. Во овој бизнис, брзо формирате емоционални врски со луѓето, а понекогаш тие прераснуваат во нешто повеќе. Имав врска со Мишел која беше длабока и посебна, но не бев фер. Изгубив одличен колега“, рече актерот, според Дејли Меил.
„Научив дека е потешко да се најде одличен колега од сè друго. Откако таа врска ќе стане повеќе од само пријателство, тешко е некогаш да се врати.“
Малкович се разведе од Глен Хедли истата година кога филмот беше објавен, во 1988 година. Денес, Џон живее со италијанската продуцентка Николета Пејран, со која има две деца.
По разводот од Хортон, Мишел Фајфер се омажи за телевизискиот продуцент Дејвид Е. Кели во 1990 година, со кого има две деца.
фото: принтскрин