Соопштенија
Ден на автомобилска извонредност: „Порше центар Скопје“ домаќин на 911-заедницата
Изминатиот викенд „Порше центар Скопје“ гордо беше домаќин на извонреден настан за заедницата на сопственици на иконскиот „911“ собирајќи импресивна колекција од 42 модела во многу варијанти и разни генерации, како ултраексклузивните 911 GT3 RS, 911 GT3 и Turbo S помеѓу другите. Ова собирање ги прослави богатото наследство и трајната страст за иконската серија на „911“.

Настанот привлече многу ентузијасти на Porsche, вклучувајќи ценети клиенти, пријатели на брендот и почитуваните членови на „Порше клуб Македонија“. Присутните имаа единствена можност да бидат сведоци на еволуцијата на „911“, од класичните модели со воздушно ладење до најновите иновации, сите прикажани во живописна изложба на автомобилска извонредност.
ж 
„’911′ е повеќе од само автомобил; тоа е симбол на инженерска моќ и безвременски дизајн“, изјави г. Златко Муцунски, генерален менаџер на П’орше Македонија’ во ‘Порше центар Скопје’. Успешната организација на овој настан ни овозможи да го почитуваме наследството на ‘911’ и да се поврземе со страсната заедница што го опкружува“.
„Порше куб Македонија“ одигра клучна улога во успехот на настанот, одразувајќи ја посветеноста на клубот за поттикнување силна заедница на љубители на „порше“. Нивното учество го нагласи длабоко вкоренетиот ентузијазам за брендот во регионот.



Овој настан не само што го прослави богатото минато на 911, туку ја истакна и посветеноста на „Порше центар Скопје“ за ангажирање и поддршка на локалната заедница на Porsche. Преку вакви иницијативи, центарот продолжува да ја зајакнува врската помеѓу брендот и неговите ентузијасти.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
На 160 локации во Центар нема место за пешаци оти „луѓето може и по коловоз“ и „инспекција и онака нема“, вели Белчева-Андреевска
Со фотографии од 12 градилишта од актуелните 160 на територијата на општина Центар, досегашната советничка во Советот на оваа Општината, Јана Белчева-Андреевска, покажа дека за пешаците нема место онаму каде што се гради.
Во објава на социјалните мрежи таа праша чии интереси се штитат и дали се жртвува достоинството на центарци.
„Ова се тротоарите на некои од 160-те активни градилишта во Центар по кои се движат луѓето, особено децата. Важат принципите: ‘важно се гради’, ‘луѓето може и по коловоз’, ‘никој ништо не ни може’, ‘инспекција и онака нема’, ‘надзор?!, што е тоа’“…
Кој е одговорот на прашањата: Чии интереси се штитат вака?
Дали достоинството на луѓето и заштитата на децата, наместо приоритет, вака свесно се жртвуваат ?“, стои во објавата на Белчева-Андреевска на социјалните мрежи.
Претходно, Белчева-Андреевска објави мапа од сите локации на кои се гради во Центар во изборниот период.
Соопштенија
„Влен“: Тетово не е пазар за Левицата и ДУИ/НАИ!
„Јавноста е шокирана, но само Бајрам Реџепи не се засрами ниту се покае. Откако беше фатен на дело на состаноци со претставници на Левица, партија позната по своите анти-НАТО, антизападни и антиалбански ставови, кандидатот на ДУИ/НАИ се обиде да го негира скандалот со смешни изговори. Но, фотографиите зборуваат сами за себе, Бајрам Реџепи седеше со оние кои навредуваат сè што е албанско, само за да обезбеди неколку гласови за политички спас“, велат од „Влен“.
„Наместо да се извини за овој јавен срам, Бајрам Реџепи дури и ги навреди жителите на Тетово, обвинувајќи ги дека ги „продале“ своите гласови. Во меѓувреме, портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми, се појавува на телевизија и ги нарекува Тетово, Чаир и Дебар “маали“.
Ова е вистинското лице на „патриотот“ на ДУИ, кој посегнува по Левица за парче власт. Ова е највалканата зделка што Тетово ја видело досега. „Патриот“ кој бара помош од Левица за да собори Албанец“, соопштуваат од „Влен“.
„Дали ова е „националната стратегија“ на ДУИ/НАИ да бараат спас од партијата што ги навредува Албанците и Косово?
Со каков морал се појавува Бајрам Реџепи пред тетовчани, откако се ракува со антиалбанците на Апасиев?
Каква зделка направи во замена за гласовите на Левица во Тетово“, прашуваат од „Влен“.
Соопштенија
Сајкоски: Масовно излезете и гласајте за Александар Јовановски, за развој и напредок на Кичево
На вечерашниот мини-митинг во општина Кичево, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември, се обрати генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски кој упати порака за масовна излезност на 2 ноември за глас на кандидатот Александар Јовановски, за развој и напредок на Кичево.
„Почитувани, ни останаа уште неколку денови до она за коешто работевме долг период. Ни останаа уште 3-4 дена до 2, денот кога треба да излеземе масовно како што излеговме на овој плоштад, да кажеме не за не работата, не за неморалот, не за кандидатот којшто не посрамоти. И да кажеме да за оној којшто сака, којшто може и којшто треба да сработи за нашата општина, да кажеме да за Александар Јовановски за иден градоначалник на Кичево“, рече Сајкоски.
Сајкоски ги повика и оние граѓани кои живеат во дијаспората да го дадат својот глас за бројот 9, за да има подобри услови, кои ќе донесат подобар живот за кичевчани.
„Сакам кратко да порачам и за оние коишто сакаат и се спремаат да доаѓаат од странство. Почитувани, многу ве почитуваме и секогаш нашата врата е отворена за вас, но нашите деца 265 дена дишат нечист воздух, нашите деца 365 одат по калливи улици, нашите деца и ние со нашите автомобили се движиме низ фекалии во населбите од нашиот град. Затоа и вие придружете се кога ќе дојдете тука во Кичево, гласајте за број 9, гласајте за Александар Јовановски, гласајте за победничката опција во Република Македонија“, вели Сајкоски.

