Забава
Познат лондонски фризер објаснува зошто Никол Кидман носи перики

Никол Кидман позира на Канскиот филмски фестивал со екстензии за коса за да ѝ даде на косата дополнителен волумен. Иако се обидуваше да ги скрие, мрежестата капа со екстензиите беше јасно видлива на врвот од нејзината глава.
57-годишната актерка со години носи перики за филмски улоги, но се чини дека ги носи сè почесто и на приватни пригоди. Таа претходно истакна дека нејзината природна коса е премногу чувствителна за постојано стилизирање.
Фризерот Адем Ојгур од Лондон изјави за „Дејли мејл“ дека носењето перики е вообичаено во Холивуд, особено кај жените што се соочуваат со ретчење на косата поради стареење или хормонални промени, како што е (пери)менопаузата.
„Честото белење и термичкото стилизирање со текот на годините може значително да ја оштетат структурата на косата, што доведува до кршење, истенчување и губење на еластичноста. Периките нудат заштита, но исто така овозможуваат моќни визуелни трансформации, без дополнително оштетување на природната коса“, објасни тој.
Кидман неодамна привлече дополнително внимание појавувајќи се со кратка фризура на „Мет гала 2025“ поттикнувајќи многумина да се запрашаат дали тогаш носела перика. Само неколку дена подоцна, на доделувањето на музичките кантри-награди, таа се појави со долга руса коса, што дополнително ги разгоре шпекулациите.
Фризерката Зои Адамс истакна дека Кан, поради влажната медитеранска клима, претставува предизвик за стилистите: фризурите лесно се олабавуваат и се набраздуваат.
„Периките го решаваат овој проблем – изгледот останува траен, беспрекорен и отпорен на временски услови и на фотоапарати“, рече таа. Додава дека познатите личности често избираат перики за да им останат фризурите исти во текот на целиот фестивал и на секоја фотографија.
Австралискиот стилист Ендру Њупорт верува дека фризурата на Кидман на „Мет гала“ била комбинација од природна коса и екстензии. „Можно е косата на задниот дел од главата да била плетена по должината на скалпот, а екстензиите биле внимателно поставени. Предниот дел бил од вистинска коса, а задните прамни биле покриени со екстензии“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Сексапилната актерка повторно воодушеви во проѕирен фустан

Холивудската актерка Дакота Џонсон се појави на Филмскиот фестивал во Цирих и воодушеви со уште еден проѕирен фустан.
Секое појавување на оваа убавица привлекува внимание, а се чини дека наскоро ќе стане синоним за чипкани, проѕирни комбинации, со оглед на тоа што успеа да ги воодушеви сите со уште еден.
Таа прошета во Цирих во син фустан чиј горен дел е направен од чипка и е проѕирен, додека долниот дел е малку поширок, направен од тил и доста волуменозен.
Како и обично, фокусот беше на природната убавина, па Дакота ниту овој пат не претеруваше со вечерната шминка, а косата ја остави да паѓа во бранови.
На својот стајлинг додаде обетки и два импресивни прстени, а сите собрани ги разоружа со насмевка.
Во текот на вечерта, таа беше наградена и со наградата „Златно око“ за животно дело, па нејзината кариера е побогата за ова значајно признание.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Селена Гомез се мажи овој викенд: објави снимка на социјалните мрежи

Актерката, пејачка и претприемачка Селена Гомез наговести дека овој викенд се мажи за музичкиот продуцент Бени Бланко, пишува „Дејли меил“.
Имено, Селена Гомез објави видео од маса полна со производи за шминкање на официјалниот Инстаграм профил на нејзиниот бренд за убавина „Rare“.
Покрај производите за убавина, имаше и мобилен телефон, како и црни очила за сонце и сребрена чанта.
„Јас цел викенд“, кратко напиша пејачката.
Видео материјалот ја разбуди имагинацијата на многу нејзини обожаватели, а тие сега претпоставуваат дека Селена ќе го каже судбоносното „ДА“ во текот на викендот, бидејќи… Исто како и секоја невеста, таа ќе посвети доста време на разубавување и нанесување шминка за големиот ден.
Некои американски медиуми веќе објавија дека актерката ќе се мажи овој викенд.
Забава
(Фото) Убавицата од култната серија од 90-тите шокираше со својот изглед

Актерката Хедер Локлир (63) неодамна ги воодушеви обожавателите со својот нов изглед. Таа се појави во подкастот „Што сакаш?“ и објави фотографии од настанот на Инстаграм.
Таа позираше боса во бел летен фустан без прерамки, со нејзината препознатлива руса коса во бранови и широка насмевка.
Коментари како „Хедер изгледа неверојатно!“, „Прекрасна си“ и „Воопшто не старееш!“ ги преплавија социјалните мрежи, а многумина се согласија дека ѕвездата од култната серија „Мелроуз Плејс“ изгледа совршено.
Нејзиниот блескав изглед го потврди впечатокот дека актерката е во одлична форма, оставајќи зад себе бурен период што ги загрижуваше нејзините обожаватели.
Приватен живот полн со скандали
Приватниот живот на Хедер е под постојан јавен надзор, најмногу поради нејзините бракови со рок ѕвезди. Таа беше во брак со Томи Ли од 1986 до 1993 година, а со гитаристот на Бон Џови, Ричи Самбора, од 1994 до 2007 година, со кого има ќерка, Ава.
И покрај сите нејзини лични предизвици, Локлир отсекогаш успевала да го задржи својот статус како една од најомилените телевизиски актерки на нејзината генерација.
Нејзината кариера го достигна својот врв во 1990-тите со нејзината улога како пресметливата и моќна Аманда Вудворд во сапуницата „Мелроуз плејс“. Интересно е што Локлир на почетокот мислела дека е престара за улогата.
„Ја гледав серијата и си помислив: О, Боже, ова ќе биде одлично… Би сакала да бидам дел од неа, но сум престара“, откри таа во подкаст, додавајќи дека во тоа време имала околу 30 години, додека нејзините колешки биле во раните дваесетти години.
Сепак, нејзиното доаѓање беше хит – ликот на Аманда Вудворд стана централен негативец и икона на стилот, а гледаноста експлодираше.
По низа тешки години, актерката гордо ја прослави својата прва година без алкохол во 2020 година, споделувајќи инспиративен цитат од Маја Анџелоу:
„Научив дека без разлика што ќе се случи, животот продолжува и утре ќе биде подобро.“ Во тоа време, се чинеше дека и таа ја пронајде среќата, свршувајќи се со својот љубовник од средно училиште, Крис Хајзер, со кого ја обнови врската во 2017 година.
Иако се познаваа од 70-тите години, нивната врска беше „повремена“ сè додека актерката не се посвети на поздрав начин на живот.
Сепак, двојката се раздели минатата година.
фото: принтскрин