Забава
Четири хороскопски знаци ќе ја пронајдат љубовта во јуни: дали сте меѓу нив

Јуни носи љубов за овие 4 знаци – чекате ли средба со вашата сродна душа?
Астролошките промени што ни ги носи јуни 2025 година отвораат врата кон одлични љубовни приказни – но само за оние кои се подготвени да ги препознаат.
Јупитер се движи во Рак, нагласувајќи го домот, емоциите и блискоста, додека Венера во Бик носи стабилност и нежност во врските. Видете дали сте меѓу среќниците кои се насмевнуваат на љубовта.
Јарец
За Јарците, јуни е време кога универзумот ја презема улогата на посредник. Јупитер ја освојува вашата седма куќа на партнерствата, носејќи ви можност да запознаете некој посебен.
Без разлика дали станува збор за семејни собири, свадби или состаноци на слепо – шансите за длабока емоционална врска се големи. Време е да се отворите за љубовта и да верувате дека некој вистински можеби веќе е на пат кон вас.
Бик
По турбулентни години, Биковите конечно се соочуваат со период на љубовен мир. Можеби ќе ја сретнете вашата сродна душа токму таму каде што најмалку очекувате – во вашето соседство, во кафуле или дури и за време на краток разговор на локална работилница.
Јуни носи можност некој посебен да влезе во вашиот живот и да разбуди чувства што можеби сте ги заборавиле. Бидете отворени – ќе знаете дека е „вистинското“ штом ќе го видите.
Рак
Јуни е твој месец! Јупитер влегува во вашиот знак и ги отвора вратите кон љубовните чуда.
Повеќе повици, повеќе погледи, повеќе насмевки – сè е дел од вашето ново секојдневие. Можеби веќе постои сродна душа во вашата околина, а сега чувствата би можеле да процветаат.
Обрнете внимание на деновите помеѓу 15 и 18 јуни – тие можат да донесат љубовна средба што ќе ви го промени животот.
Водолија
Плутон во вашиот знак ве трансформира одвнатре, а јуни ве прави уште попривлечни и едноставно магнетни. Љубовта може да се појави во најобичните околности – додека сте на работа, во теретана, во продавница, па дури и додека го шетате кучето.
Без разлика дали ќе запознаете некого преку работа или волонтирање, врската може да биде подлабока отколку што сте очекувале. Не барај, туку дозволи љубовта да те пронајде.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Девиците обожаваат да критикуваат, а Шкорпиите да манипулираат: најлошите навики на хороскопските знаци

Одредени лоши навики можеби сепак можете да ги припишете на вашиот хороскопски знак.
Овен
Луѓето родени под овој знак се многу импулсивни, може да бидат тврдоглави и тешки за убедување, дури и со добри аргументи. Тие може да бидат одмаздољубиви и агресивни кон оние што ќе им забележат.
Бик
Биковите се исклучително тврдоглави луѓе, го следат својот пат и не се грижат за туѓите мислења, дури и ако тоа би им го подобрило животот. Тие се донекаде материјалисти, но бидејќи сакаат да се чувствуваат сигурно – размислуваат за иднината.
Близнаци
Ова се луѓе кои можат да бидат многу вознемирени. Често се откажуваат од она што го започнале, бидејќи не се во можност да го задржат вниманието на нешто долго време. Не знаат како да се забавуваат.
Рак
Раковите имаат емоционални проблеми и се многу сомничави. Можат да бидат толку песимистички што е непријатно да ги имате во близина. Поради нивната прекумерна чувствителност, треба да бидете многу внимателни со секој збор и секоја акција.
Лав
Тие се најсебичните луѓе што можете да ги сретнете во животот. Можат да бидат арогантни, нетрпеливи и љубоморни на секој што мислат дека е подобар од нив.
Девица
Девиците имаат тенденција да бидат едни од најбруталните луѓе што ќе ги сретнете. Тие сакаат сè да биде совршено, не ги сакаат советите на другите луѓе и знаат како да критикуваат ако некој има различно мислење.
Вага
Ова се луѓе што имаат тенденција да го менуваат мислењето. Размислуваат за нешто долго време, ги преиспитуваат работите. Може да бидат многу мрзливи и често забораваат дека внатрешната убавина на луѓето е најважна.
Шкорпија
Луѓето родени под овој знак се многу љубоморни на сите, особено ако се во врска. Тие се исто така многу таинствени и имаат тенденција да манипулираат со другите за да прават што сакаат.
Стрелец
Стрелците се исклучително невнимателни кога станува збор за благодарност за она што веќе го имаат во животот – работа, училиште, семејство. Кога прават нешто, тие се фокусирани на тој момент, па може да им снема време.
Јарец
Овие луѓе имаат тенденција да бидат исклучително тврдоглави, а ова може да биде резултат на нивниот песимистички поглед на светот околу нив. Иако не би го рекле тоа за нив, тие можат да бидат срамежливи.
Водолија
Водолијата може да биде многу екстремна и непредвидлива во своето однесување и многу тврдоглава. Понекогаш навистина не е лесно со нив – тие се весели и ентузијастични во еден момент, а лути во следниот.
Риби
Рибите имаат тенденција премногу да идеализираат сè околу нив, па затоа често се разочаруваат кога ќе сфатат каква е реалноста. Луѓето родени во овој знак се обидуваат да избегнат одговорност кога нешто ќе се случи во нивниот живот.
Забава
(Фото) Ќе владее ова лето, а можеби и следното: стар тренд се враќа на голема врата

Пругите отсекогаш имале моќ да нè смират и да ни го организираат погледот – како да создаваат ред таму каде што има хаос.
Тие се совршен моден баланс помеѓу дисциплината и предизвикот. Но, ова лето, 2025 година, пругите решија да се оттргнат од познатите сино-бели и да се впуштат во сосема нова, разиграна авантура.
Од плажа до коктели по плажа, пругите повеќе не ги следат правилата – тие пишуваат свои модни приказни.
View this post on Instagram
Костимите за капење за ова лето доаѓаат во похрабри варијанти – бикини или едноделни со вертикални, хоризонтални и дијагонални пруги во светли бои, како лимета, портокалова, црвено зајдисонце и богата чоколадна боја.
Овие пруги го кршат класичниот морнарски изглед и совршено ја обликуваат фигурата правејќи ја половината потенка, а силуетата подолга. Со ленени кошули и плетени додатоци облеката за плажа добива сосема нов сјај и шарм.
View this post on Instagram
Плетената облека се враќа посилна од кога било, но во помека, пософистицирана верзија. Колекциите од брендовите Monse и Genny содржат пругасти плетени фустани и сетови што ја балансираат едноставната елеганција со лесна женственост.
Во пастелни зелени, чоколадно кафеави и нијанси на зајдисонце овие парчиња стануваат совршен летен стил на униформ, без разлика дали станува збор за појадок или вечерно излегување на островот.
View this post on Instagram
Чантите исто така го следат трендот – од плетени торби со пругасти детали за плажа до разиграни чанти со мониста и шарени пруги за градски прошетки. Оваа година додатоците се тајните играчи што може да го воздигнат дури и најсуптилниот моден изглед додавајќи карактер и динамика.
Забава
Џастин Бибер ги вознемири фановите со нови фотографии: „Тоа не е Хејли, отворете ги очите“

Пејачот Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли Бибер не се видени заедно долго време и се шпекулира дека не се во добри односи, а неговата нова објава дополнително ги разгоре овие сомнежи, барем кај некои обожаватели, кои се прашуваат која е жената со која е фотографиран.
Покрај фотографијата направена за време на прекрасно зајдисонце, Џастин прегрнува жена и ја опишува објавата со зборовите: „Моја секогаш и засекогаш“.
Иако многумина тврдат дека станува збор за Хејли, некои веруваат дека станува збор за непозната жена.
View this post on Instagram
Со оглед на тоа што фотографиите се доста заматени, лицето на жената на фотографијата не е јасно видливо, што им остави простор на фановите на Џастин за сомнеж, а тој доби коментари: „Таа не личи на Хејли“, „Која е девојката на фотографијата?“, „Тоа не е Хејли“, „Дефинитивно, не е Хејли, отворете ги очите“…
Сепак, повеќето веруваат дека фотографиите се навистина од Џастин Бибер и неговата прекрасна сопруга Хејли, иако таа не беше означена во објавата ниту, пак, ги објави фотографиите на својот инстаграм-профил. Бибер го означи својот бренд, но тоа е сè…
Додека некои се скептични, други, кои сè уште се мнозинство, се согласуваат дека е убаво да ги видиме повторно заедно по долго време.