Забава
(Видео) Меланија Трамп објави аудиомемоари, но гласот не е нејзин
Првата дама на САД, Меланија Трамп, добила мала помош со објавувањето на аудиомемоарите.
Аудиокнигата се вика „Меланија“, гласот е целосно позајмен од вештачката интелигенција, а првата дама на САД ја смета за иднината на издаваштвото.
„Чест ми е да ја претставам ‘Меланија’, аудиокнига управувана од вештачка интелигенција, раскажана целосно од вештачка интелигенција со мојот глас“, напиша Меланија Трамп во објава на X заедно со футуристичко видео.
A NEW ERA IN PUBLISHING
I am honored to bring you Melania – The AI Audiobook – narrated entirely using artificial intelligence in my own voice.Let the future of publishing begin.
Exclusively: https://t.co/xIfkkmL4YC pic.twitter.com/ab4Qb43AOC
— MELANIA TRUMP (@MELANIATRUMP) May 22, 2025
Англиската верзија на книгата, со наслов „Меланија“, трае седум часа и се продава на личната веб-страница на првата дама за 25 долари. Достапно е и на шпански, португалски, хинди, а набргу ќе бидат достапни и други јазици, соопшти ElevenLabs.
Мемоарите на првата дама беа објавени во октомври 2024 година, во средината на претседателските избори. Книгата опфаќа сè, од животот на Меланија Трамп во Југославија за време на Студената војна, до нејзиниот брак со претседателот Доналд Трамп.
Доби големо медиумско внимание неколку дена пред објавувањето бидејќи Меланија го бранеше правото на избор на жената во книгата.
Претходно оваа недела, претседателот Доналд Трамп го потпиша двопартискиот Закон за преземањето, со кој се забранува и казнува објавувањето вистински и компјутерски генерирани фотографии без согласност, познати како лажни слики, кои често се користат како порнографија за одмазда.
Првата дама присуствуваше на потпишувањето и зборуваше за потенцијалните опасности од вештачката интелигенција.
„Вештачката интелигенција и социјалните медиуми се дигиталните бонбони на следната генерација, тие создаваат зависност и се дизајнирани да влијаат на поврзаноста на нашите деца“, рече таа. „Но, за разлика од шеќерот, овие нови технологии може да бидат оружје обликувајќи ги верувањата и, за жал, влијаејќи на емоциите, па дури и да бидат смртоносни“.
Објавувањето на аудиокнигата на Меланија Трамп раскажана со вештачка интелигенција доаѓа во време кога се води дебата за употребата на технологијата за нарација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

