Македонија
Мицкоски: За да се реши проблемот со аерозагадувањето, потребно е да се изградат когенеративни гасни централи

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната надзорна расправа за аерозагадувањето рече дека оваа тема секоја зима е актуелна посочувајќи дека не е само воздухот проблем во квалитетот на животот на граѓаните туку и околината и животната средина.
Во однос на загадениот воздух Мицкоски истакна дека најголем причинител за таквата состојба е системот на затоплување на домаќинствата, јавните и индустриски објекти.
„Кога станува збор за воздухот и квалитетот на воздухот, најголем причинител, јас би се согласил со вас, е токму тоа што вие го кажавте – системот на затоплување на домовите. Но, и на индустриските објекти, јавните објекти. Имаме многу јавни објекти, кои што сè уште користат фосилни горива за затоплување“, истакна Мицкоски.
За решавање на овој проблем, премиерот Мицкоски смета дека е потребно да се изградат таканаречени когенеративни гасни централи, кои може да служат и за производство на електрична енергија и за производство на топлина.
„Така што, кога сето ова би се сумирало, можам да кажам дека ова е еден од главните приоритети и ќе продолжиме во таа насока да се бориме, особено во делот на обезбедување централизиран систем за затоплување на домовите, јавните објекти и дел од индустриските капацитети. И како тоа ќе го правиме, најчесто тоа може да се реши со изведба на таканаречени когенеративни гасни централи, кои може да служат и за производство на електрична енергија и за производство на топлина. Но, за сето тоа да се случи, потребна е и подземна инсталација за да може таа топла вода да дојде до домаќинствата, до јавните објекти и до индустриските објекти.“, дециден е Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кузмановски: Младите ќе бидат во фокусот во Демир Хисар

Кандидатот за градоначалник на Демир Хисар од СДСМ, Златко Кузмановски, на граѓанска трибина порача дека е време за промени и чесно, отчетно раководење.
Кузмановски најави мерки за младите, меѓу кои младински центар, поддршка за претприемништво, субвенции и практикантски можности, но и финансиска поддршка за учениците и ослободување од партиципација за деца од социјално ранливи семејства.
Тој истакна дека Демир Хисар мора да стане општина која е отворена и транспарентна, посветена на културата и историјата, со уредување на спомен-паркот на Даме Груев во Смилево и локалните патишта до него.
„Ветувам работа, напредок и иднина. Изборите не се само за градоначалник, туку за тоа каков Демир Хисар сакаме,“ рече Кузмановски.
Македонија
Обилни дождови, студ и снег на планините – од среда промена на времето

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од 5 до 14, а максималните од 17 до 24 степени.
Во Скопје ќе преовладува слично време – променливо облачно со сончеви периоди и слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 22 степени.
Од среда попладне до петок се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, локално пообилни над 30 литри на метар квадратен. Во четврток и петок, со продор на постудена воздушна маса и засилен северен ветер, на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Температурите значително ќе опаднат.
За време на викендот се очекува стабилизирање на времето и постепен пораст на дневните температури.
Македонија
Судот оваа недела ја завршува оценката на обвинението за „Пулс“

Скопскиот Кривичен суд најави дека до петок ќе ја донесе одлуката дали обвинението за пожарот во кочанската дискотека ќе биде прифатено. Судиите треба да утврдат дали актот е јасен, правно издржан и поткрепен со доволно докази.
Постапката се одолговлекуваше поради тоа што дел од адвокатите на обвинетите не биле достапни за прием на документацијата, но сега, според судот, сите рокови истекуваат на 3 октомври.
Премиерот Христијан Мицкоски изрази незадоволство од начинот на кој обвинителството ја води постапката и порача дека сите поврзани со случајот мора да одговараат. Од опозициската СДСМ, пак, обвинија дека власта ги штити своите функционери кои биле чести гости во дискотеката.
Во пожарот загинаа 62 млади луѓе. Паралелно се води и истрага за 29 полициски службеници, за кои сè уште се анализираат доказите.