Забава
Објави нови фотографии и повторно ги разгоре шпекулациите дека направила козметички зафати
Кајли Џенер обожава да ги покажува своите облини, па затоа ја искористи можноста да ги покаже своите прекрасни адути на Карибите, но предизвика и негативни реакции од некои поединци.

Риалити ѕвездата и претприемачка Кајли Џенер овие денови ужива на Карибите, каде што привлекува големо внимание на социјалните мрежи, а не и недостасуваат и острите очи на папараците кои случајно се нашле на плажата каде што престојувала атрактивната Кајли.

Најмладата членка на познатото семејство Кендал-Џенер никогаш не пропушта можност да ги покаже своите облини, а таа повторно ги разгоре гласините дека направила нови козметички зафати.

Овие шпекулации се појавија откако таа објави фотографии на кои позира во мини бикини, но и во провокативен фустан кој многу малку крие, а во преден план се нејзините задник и гради.

Ова не е прв пат познатата и богата Кајли да биде предмет на гласини за пластични операции, бидејќи за тоа се водат дискусии со години.

Во 2017 година, таа ги негираше тврдењата дека направила операција за подигнување на задникот, а единствените работи што ги призна јавно беа зголемување на градите и употреба на филери за усни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Момчето на Џенифер Анистон се вцрвени во емисија: „Не се случи преку ноќ“
Ѕвездата од „Пријатели“, Џенифер Анистон, речиси една година ужива во љубовта со Џим Кертис, кој е шест години помлад од неа, а сега знаеме повеќе за тоа како се запознале.
Џими Кертис се појави во емисијата „Today“ за да ја промовира својата нова книга, а за време на интервјуто со водителот, откри некои детали за својот љубовен живот.
„Нè запознаа пријатели. И тоа е тоа. Сфативме дека имаме заеднички луѓе и едноставно почнавме да разговараме“, објасни тој, додавајќи дека разговорите не се претвориле веднаш во врска.
„Не се случи преку ноќ… Разговаравме долго време и полека се зближувавме“, нагласи Кертис, кој потврди дека неговата врска со Џенифер Анистон е сериозна и трае веќе долго време.
„Со месеци, речиси една година“, беше сè што откри, а водителот коментираше дека нема да го стави во непријатна ситуација, бидејќи се засрамил.
„Да, вистина е, се засрамувам“, призна самиот.
Нивната прва заедничка објава, која исто така ја потврди нивната врска, се појави во ноември. Иако гласините за романса кружеа уште од јули минатата година, дури тогаш Џенифер јасно стави до знаење дека е вистина дека е вљубена.
„Среќен роденден, љубов моја“, напиша таа покрај фотографијата на која се прегрнати.
Забава
Дури по 2030 година, за три знака конечно пристигнува наградата
Ако понекогаш ви се чини дека сè што е важно во животот се случува побавно отколку кај другите – можеби не е случајност.
Според астролозите, некои хороскопски знаци едноставно имаат „побавен“, но подлабок животен пат. И иако во последните години поминале низ предизвици, трпение и важни лекции, вистинската награда доаѓа – по 2030 година.
Астролошките прогнози велат дека 2030 година нема да биде само уште една нова година, туку голема пресвртница. Планетарните влијанија потоа конечно ќе се свртат во корист на оние кои долго време граделе, чекале и учеле.
Зошто 2030 година е толку важна?
Астролозите ја опишуваат како период на стабилност, зрелост и внатрешен мир. Не станува збор за минлива среќа, туку за чувството дека работите конечно се споиле – во љубовта, работата и личниот живот.
Очекувано:
– стабилни и долгорочни врски
– посигурни кариерни темели
– појасно чувство за сопствените желби и граници
– помалку драма и повеќе внатрешно задоволство
Трите знака кои добиваат најголема награда
Рак
Раковите се познати по тоа што сè доживуваат длабоко и емоционално. По години потрага по безбедност и разбирање, 2030 година им носи емоционална стабилност – без разлика дали преку нова љубов или продлабочување на постоечка врска. Конечно, доаѓа чувство на дом и припадност.
Лав
Лавовите долго време се бореа за признание и своето место под сонцето. Според астролозите, нивното време доаѓа по 2030 година, кога напорната работа, амбицијата и храброста конечно ќе се претворат во конкретни успеси – без разлика дали во кариерата, јавниот имиџ или личниот развој.
Јарец
Трпението е најголемата доблест на Јарецот – и најголемиот предизвик. Години посветена работа конечно носат резултати. Финансиската сигурност, стабилноста и мирот ќе бидат клучните теми во периодот по 2030 година, со чувство дека целата напорна работа конечно се исплатила.
Забава
(Видео) Една од најубавите српски манекенки го кажа своето судбоносно „да“ по втор пат
Една од најпознати српски манекенки, Данијела Димитровска, го кажа своето судбоносно „да“ по втор пат.
Таа се омажи за поранешниот фудбалер Јеврем Косниќ, со кого е во врска повеќе од две години, а кој ја запроси во мај 2025 година.
Венчавката се одржа во тајност и во кругот на нејзиното најблиско семејство, во црква надвор од Белград, а како што пишуваат српските медиуми во текот на годинава ќе следи голема церемонија и прослава, на која ќе бидат поканети сите нивни пријатели, соработници и членови на поширокото семејство.
„Моето засекогаш да. 27.01.2026. Тивко, во тесен круг. Наскоро сите ќе славиме заедно“, напиша Данијела на Инстаграм со видео од венчавката, каде што покажа и што носела на овој посебен ден.
Данијела и Јеврем влегоа во врска откако ТВ-водителката и модел се разведе од водителот Огњен Амиџиќ, со кого има син, Матија, и кој пред неколку дена доби второ дете со неговата сегашна сопруга Мина Наумовиќ.

