Македонија
„Влен“: Нашата работа се смета за конкретна, серија инвестиции и промени во текот на 11 месеци

„За само 11 месеци владеење, „Влен“ ја преработува економската мапа на земјата преку смели реформи и големи капитални инвестиции. Едно од најголемите достигнувања е историскиот договор со Велика Британија, вреден 6 милијарди евра, кој отвора нови хоризонти за економски развој, вработување и благосостојба за сите граѓани“, велат од „Влен“.
„Започнавме со ONE STOP SHOP во Блаце, модерна точка за олеснување на прекуграничната трговија и циркулација, а продолжуваме со нови точки во Јажинце, Табановце и Ќафасан.
300 милиони евра за општините, каде се градат училишта, градинки, спортски сали, библиотеки, патишта, водовод, канализација и јавни базени.
35 милиони евра за изградба на новиот универзитетски кампус „Мајка Тереза“, инвестиција во образованието и иднината на нашите млади.
20 милиони евра за подземниот паркинг на плоштадот „Скендербег“, со кој ќе се модернизира урбаната инфраструктура во срцето на Скопје.
250 милиони евра за поддршка на локалните компании, како поттик за економски развој и вработување.
Од 10.000 евра за секој млад земјоделец, како почетна помош за отворање земјоделска дејност, конкретна инвестиција во руралниот сектор.
Зголемување на платите: Наставници: +12%. Здравствени работници: +15%. Полиција: +10%. Пензии: +5.000 денари за 340.000 пензионери во рок од 9 месеци.
Зголемување на капитацијата: +33% за матичните лекари и гинеколози. +22% за стоматолози.
720 милиони евра странски директни инвестиции и 2.790 нови работни места, одржлив економски развој и можности за младите луѓе.
Ова се само дел од нашите достигнувања за само 11 месеци владеење. Промената е реална и мерлива. Резултатите зборуваат сами за себе. ВЛЕН дејствува, се осмелува и носи промени. Ќе продолжиме да бидеме гласот на граѓаните, со конкретни дела и јасна визија за подобра иднина“, соопшти „Влен“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Израелската војска упадна на бродовите што пловат кон Газа, уапсена е Грета Тунберг

Израелските сили се качија на неколку бродови од флотилата „Глобал Сумуд“ и ги превезоа активистите во израелско пристаниште, разбивајќи протест против блокадата на палестинската територија од страна на Израел.
Грета Тунберг е видена како седи на палубата опкружена со војници, на снимка од израелското Министерство за надворешни работи и потврдена од „Ројтерс“. Шведската активистка за климатски промени е најистакнатиот патник на пропалестинската флотила.
Already several vessels of the Hamas-Sumud flotilla have been safely stopped and their passengers are being transferred to an Israeli port.
Greta and her friends are safe and healthy. pic.twitter.com/PA1ezier9s— Israel Foreign Ministry (@IsraelMFA) October 1, 2025
„Израелските војници пресретнаа меѓународна флотила која се обидуваше да достави лекови и храна во Појасот Газа. Тие се качија на бродовите кои се приближуваа кон енклавата“, соопштија организаторите на мисијата.
Флотилата, составена од повеќе од 40 цивилни бродови, носи околу 500 пратеници, адвокати и активисти, имаше план да ја пробие израелската блокада на Газа. Израелците ја започнаа операцијата кога флотилата беше на околу 90 наутички милји од енклавата. Досега се пресретнати најмалку шест брода. Објавени се снимки од бродовите „Флорида“ и „Ол Ин“, на кои се качија израелски војници. Сите членови на екипажот се однесени на копно.
„Преносите во живо од бродовите и комуникациите се прекинати. Статусот на учесниците и екипажот останува непознат. Ова е нелегален напад врз невооружени хуманитарни работници. Ги повикуваме владите и меѓународните институции да побараат нивна итна безбедност и ослободување“, објави флотилата на Инстаграм.
Флотилата за помош во Газа соопшти дека десетици нејзини бродови сè уште „пловат енергично“ кон палестинската територија и покрај тоа што биле пресретнати од израелските поморски сили.
“The last moments before we lost contact with our comrades aboard the Dutch boat Mohammed Bhar, sailing to Gaza on a humanitarian mission with the Al-Sumud Convoy to break the brutal blockade.” pic.twitter.com/S2h60huKZY
— Global Sumud Flotilla Commentary (@GlobalSumudF) October 2, 2025
The Global Sumud Flotilla boats Florida and All In have been seized by occupation forces, with all crew members taken. pic.twitter.com/bJ2rtVbiOK
— Global Sumud Flotilla Commentary (@GlobalSumudF) October 2, 2025
Флотилата Глобал Сумуд соопшти дека повеќето од нејзините бродови продолжиле да пловат кон брегот на Појасот Газа во раните утрински часови во четврток, и покрај прекините.
Македонија
Без струја делови од Карпош и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од Карпош и Аеродром.
Во периодот од 06.00 до 16.00 часот, бес струја ќе останат дел од корисниците лоцирани кај викенд населбата во Бардовци. (општина Карпош), а во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од село Долно Лисиче лоцирани на потегот од Чатал кон Јурумлери. (општина Аеродром).
Македонија
Поради протест, денеска и утре ќе биде блокиран булеварот Илинден

Независниот синдикат при ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје најави протест поради неисполнети обврски кон вработените.
Во соопштението до јавноста, синдикатот информира дека протестот ќе се одржи денеска и утре во период од 09:30 до 11:00 часот, при што ќе биде блокиран просторот кај семафорот на раскрсницата на бул. „Илинденска“ со ул. „Никола Тесла“. Протестот ќе заврши пред дирекцијата на ЈП „Паркови и зеленило“.
Синдикатот наведува дека протестот се организира согласно законските прописи и колективниот договор, со кој се утврдени правата на вработените за плата, регрес, јубилејни награди, новогодишен додаток и отпремнини.
Барањата на синдикатот се: исплата на платата за август за фирмите „Флораком ДООЕЛ“ и „Луна ДООЕЛ“, исплата на К-15, јубилејна награда, новогодишен додаток, отпремнина за работниците со престанат работен однос.