Економија
Матура еден ден – финансиска слобода засекогаш
Водич за матуранти кои знаат што сакаат
Поминаа сите тестови, сите стресови околу матурската вечер, фотографирањата и прашањата „а што понатаму?“. Официјално завршува едно поглавје, но она што следи е уште поважно – самостојност.
Моментот кога ќе почнете да носите одлуки за себе, за своето време, за своите пари – е почеток на зрелоста. И колку и да изгледа предизвикувачки, таа самостојност може да започне со еден едноставен, но значаен чекор, а тоа е финансиската грижа за себе.
Паметен почеток значи сигурност
Финансиската писменост не е резервирана само за возрасни. Напротив, колку порано ја стекнете, толку подобро ќе се снаоѓате во сè што следи – студии, први патувања, први сериозни обврски, први приходи. Да имате сметка што не ве оптоварува со непотребни трошоци, да можете самостојно да префрлате пари или да платите нешто онлајн, да знаете каде ви се парите и како ги користите, тоа се мали чекори што водат кон голема самодоверба.
Halk EZ – вашата прва вистинска сметка
Halk EZ е банкарски пакет од Халкбанк, дизајниран за млади на возраст од 16 до 24 години. Преку овој пакет добивате Visa PayWave дебитна картичка без годишна членарина, бесплатна мобилна апликација и електронско банкарство, како и сметка без трошоци за одржување. Со Halk EZ можете да подигнувате готовина без провизија од сите банкомати во земјата, но и во странство – без дополнителни трошоци од страна на Халкбанк.
Сè е осмислено така што вие да можете самостојно и сигурно да ги водите вашите финансии – без компликации и без непријатни изненадувања.
Зошто баш сега?
Затоа што ова е моментот кога сè почнува. Ќе патувате самостојно, ќе се селите во друг град, ќе се справувате со сопствени трошоци и ќе планирате нови искуства. Ќе имате желби што ќе бараат поддршка – и ќе ви биде важно да ја имате контролата во свои раце. Halk EZ е тука да ви помогне во тоа – не како товар, туку како практична, флексибилна алатка што ве следи на секој чекор.
Наместо да чекате да „пораснете“, почнете веднаш – со вистинските ресурси, во вистинско време.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

