Македонија
Македонски пратеници на средба со собраниска делегација од БиХ на Форум во Мароко

Во рамките на Економскиот парламентарен форум во Маракеш, Мароко, пратениците Сали Мурати, Дафина Стојановска, Калтрина Бекири и заменик генералниот секретар на Собранието, Ибиш Јусуфи, остварија билатерална средба со шефот на Делегацијата на Парламентарното собрание на Медитеранот од Босна и Херцеговина, Рејхана Дервишновиќ и претставници на Собранието.
„На оваа средба се нагласи дека Северна Македонија и Босна и Херцеговина од денот кога ја стекнаа својата независност, како во сите области, така и меѓу двете Собранија, се одржуваат пријателски и братски односи. Беше потенцирана подготвеноста во сите прашања да ја пренесеме и зацврстиме на повисоко ниво нашата позиција и нашето длабоко пријателство што го достигнавме во билатералните односи, на меѓународните платформи, во споделувањето искуства и во работата на Собранијата“, соопштија од Собранието.
Исто така, се заклучило дека двете Собранија имаат голема одговорност во преземањето важни чекори во прашањата на единството, целосноста, суверенитетот, стабилноста, процесите за кандидатурата за Европската Унија, владеењето на правото и економската благосостојба на двете земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Општина Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на шибер од ф – 80 мм на ул. Руѓер Бошковиќ бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од бул. Осми Септември до раскрсница со ул. Никола Тесла. (општина Карпош).
Македонија
Мицкоски ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски в петок ќе присуствува на CPAC конференција во Будимпешта, Република Унгарија, соопшти владината прес-служба.
Мицкоски во рамки на посетата ќе се сретне со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
Македонија
Сојузниците од НАТО треба да трошат по 5 отсто од БДП за одбраната, му рекол Рубио на Муцунски

Државниот секретар на САД, Марко Рубио на средбата со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, нагласил дека е неопходно сојузниците во НАТО да дадат поддршка и да постигнат 5 отсто издвојување за одбраната, соопшти Стејт Департментот во соопштение по средбата.
Двајцата ја потврдиле силната врска меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија и ги истакнале заедничките интереси во однос на регионалната стабилност, економската соработка и НАТО.
Тие разговарале и за можностите за проширување на економската соработка, вклучувајќи ја трговијата и инвестициите.
Муцунски по средбата соопшти дека е потврдено стратешкото партнерство со САД, а нашата држава продолжува да дава активен придонес како кредибилен сојузник, со инвестиции повеќе од 2 отсто од БДП во одбранбениот сектор.