Забава
(Видео) Најново музичко парче во изведба на Бојана Скендеровски – „Дома“
„Кај што сонце грее, љубов извира… Во мене желба тлее назад да се вратам пак… Кај што среќно пеев, душа остана… А штом те спомнат тебе, знам дека си бесмртна…“ – дел од најновото музичко парче во изведба на Бојана Скендеровски, со наслов „Дома“. Темата, всушност, е првата композиција од проектот што Бојана го работи со Николче Мицевски, а кој е во фаза на реализација и кој јавноста ќе има можност да го слуша премиерно во периодот кој е пред нас.
Интересно е дека Бојана токму за „Дома“, во соработка со Таско, се јавува и како автор на текстот, а музиката и аранжманот се со потписот на маестро Николче Мицевски.
„Сакав да понудам поинаква музика, музика со емоции, душа и затоа едвај чекам да слушнам што мисли мојата публика, моите фанови. Она што во моментот можам да го кажам е дека заедно со Николче и Таско направивме едно искрено парче музика, направивме една убава, родољубива современа песна и сите чувства, кои ги имавме за оваа прекрасна земја, ги преточивме во музичко парче, на кое се гордеам. Се надевам дека ќе ви се допадне“, вели Бојана и додава дека „Дома“ е првата песна од новиот материјал, што заедно со песните што ѝ ја одбележаа 23-годишната кариера, ќе бидат дел од солистичкиот концерт закажан за 13 декември.
Видеото за „Дома“ е со потписот на „Скендеровски продукција“, а директор на фотографијата е веќе проверениот соработник Бојан Стоилковски.
Во меѓувреме, Бојана, освен на новиот материјал, неуморно работи и на продолжението, односно вториот дел од проектот „Македонијо, во срце те носиме“.
„Периодов сум растргната меѓу мојот солистички проект и работата на продолжението на ‘Македонијо, во срце те носиме’, но сè се тоа слатки маки. Едвај чекам да чуете и да видите што е сработено и, секако, се гледаме на концертите во Македонија“, додава Бојана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Меланија Трамп ја украси Белата куќа за Ноќта на вештерките
Меѓу контроверзиите околу градежните работи во Белата куќа, Меланија Трамп ги покажа своите декорации за Ноќта на вештерките, подготвувајќи се за традиционалната прослава што ќе се одржи недалеку од срушеното Источно крило.
Нејзината канцеларија објави фотографии од подготовките со порака: „Белата куќа се подготвува за Ноќта на вештерките 🎃“.
The @whitehouse is getting ready for Halloween 🎃 pic.twitter.com/J7LAs6hqfl
— Office of the First Lady (@FirstLadyOffice) October 28, 2025
Есенска атмосфера и многу тикви
За разлика од претходните години, Меланија се чини дека се одлучила за поедноставна декорација за претстојната Ноќ на вештерките. Задниот влез и скалите се покриени со тикви, додека шарени лисја ги красат столбовите на тремот. Целокупниот впечаток повеќе потсетува на есенска тема отколку на Ноќта на вештерките, што можеби била намерна одлука за да не се исплашат најмладите гости кои доаѓаат на традиционалното собирање слатки.
Забава
Меган Фокс за мајчинството: Не сум спиела седум месеци
Американската актерка Меган Фокс (39) искрено проговори за предизвиците на мајчинството по раѓањето на ќерката Сага, која ја доби со свршеникот Колсон Бејкер.
На проекција на филмот Jennifer’s Body во Лос Анџелес, Фокс откри дека по породувањето, се соочува со силна исцрпеност.
„Само што родив бебе и страдам. Не сум спиела седум месеци“, изјавила таа објаснувајќи дека има тешкотии со концентрацијата и со меморијата.
Актерката додала дека по породувањето, се споредила со трансформацијата на својот лик во чудовиште од филмот, алудирајќи на психолошките промени што ги чувствува.
Иако постојат шпекулации за развод, таа и сопругот останале заедно и по тешкиот период, вклучувајќи го губењето на бременоста во 2023 година, што Меган го опиша како длабоко емотивно и болно искуство.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон во спектакуларен фустан: актерката во креација на „Валентино“ по шест години
Популарната актерка Дакота Џонсон блесна на настанот Vogue World 2025: Hollywood кога се појави во спектакуларен фустан од модната куќа „Валентино“ и покажа зошто е една од најзаводливите холивудски ѕвезди.
Интересно е што таа не ги носела креациите на оваа престижна италијанска модна куќа на црвениот тепих веќе шест години, но соработката е обновена и сигурно ќе уживаме во нејзините спектакуларни изданија и во наредниот период.
@dakotajohnsonarg this cutieeeee!!! 💗🤏🏻🥹 #dakotajohnson #VogueWorld #vogue #voguemagazine #hollywood ♬ what is love haddaway – whitelinesprettybabyy
Дакота, во соработка со стилистката Кејт Јанг, избра многу впечатлива креација од колекцијата пролет 2026, фустан украсен со мониста во нежни, пастелни бои по целата должина.
Инспириран е од 20-тите, а е посебен поради везот на деколтето и делумно проѕирниот дел од тил во нежно розова боја. Друг интересен детаљ е високата јака, која исто така е изработена од тил, но во друга боја. Со овој фантастичен фустан Дакота избра нежно розови чевли од „Валентино“, како и дискретен накит.
@gbr.mag me encontro obcecada pelo look da dakota johnson no vogue world 🥹🤍 #tiktokfashion #dakotajohnson #vogueworld #fashion #moda ♬ original sound – lana del rey ୨୧
Провокативната и ефектна комбинација ја комплетира со црна чанта, а додека фотографите ја фотографираа, таа не можеше да ја тргне насмевката од лицето.
фото: принтскрин

