Забава
Седумте години борба завршуваат: јуни носи олеснување за четири знаци
Почнувајќи од јуни 2025 година, започнува сосема ново астролошко поглавје за четири хороскопски знаци – поглавје кое носи олеснување, стабилност и појасна насока.
Планетата Уран, позната по својата поврзаност со ненадејни промени и ослободување од сè што е во стагнација, полека го завршува својот долг престој во знакот Бик, каде што се наоѓа од 2018 година.
Овој циклус предизвика многу внатрешни и надворешни превирања, но сега конечно доаѓа олеснување.
Kој најмногу ќе ја почувствува оваа промена:
Лав
Луѓето родени во знакот Лав во последните години се прашуваа што всушност значи успех. Кариера, лични цели, па дури и сликата за себе – сè е предмет на промени.
Уран ги охрабри да ги срушат старите стереотипи и да изградат нов идентитет, базиран на автентичност.
Бик
За Бикот, изминатите седум години беа време на целосен пресврт – и надворешно и внатрешно. Уран донесе хаос во вашиот секојдневен живот, принудувајќи ве да ги напуштите воспоставените навики и да се отворите кон новото. Иако не беше лесно, сега доаѓа наградата.
Во втората половина од 2025 година, ќе почувствувате внатрешен мир, односите ќе станат постабилни, а финансиите и работата ќе влезат во фаза на појасна насока.
Ова не е враќање кон старите навики – тоа е подем на позрел Бик, кој знае како да ја одржи стабилноста дури и во време на промени.
Шкорпија
Шкорпиите во последните години минуваат низ интензивни емоционални промени – особено во блиските врски. Уран донесе ненадејни раскинувања, тензии и трансформација на динамиката со партнерите и семејството.
Сепак, сега сè се менува. Во следната фаза, врските престануваат да бидат бојно поле и стануваат простор за искрена поврзаност.
Љубовта влегува во подлабока фаза, пријателствата стануваат поавтентични, а семејните односи потопли. Вие го заработивте овој внатрешен мир – и целосно го заслужувате.
Водолија
Како знак управуван од Уран, Водолиите можеби ги доживеаа последните седум години најинтензивно.
Распадите на семејството, емоционалната дистанца и непредвидливите конфликти оставија свој белег. Но, сега започнува поинаква приказна – градење блискост, не преку дистанца, туку преку искрено разбирање.
Ќе создадете средина каде што ќе се чувствувате безбедно, не затоа што сè функционира според правилата, туку затоа што постои поврзаност, доверба и отворено срце. Тука лежи вашата нова сила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

